Напиток против воспаление на грлото и крајниците – рецепт:
80гр измелени семки од ким (кимел, обичен ким, лат. Carum carvi) полиjте ги со 200мл вода и варете 15 минути.
Ќе добиете густа растеглива маса, која личи на талог од кафе. Процедете и додадете 50мл вода па повторно нека зоврие.
Отстранете ја од огнот и додадете 1 лажица коњак.
Пијте секои 30 минути по една лажица. По 2 часа болката во грлото полека ќе исчезнува и полесно ќе голтате. После 4 часа можете да го завршите третманот.
Можете да пиете и подолго, во тешки случаи.
Овој напиток се препорачува на сите кои се склони на настинки, често имаат воспалено грло и крајници.