Home / аромо терапија / Лаванда, ванила, јасмин – мириси за среќа, убавина и здравје

Лаванда, ванила, јасмин – мириси за среќа, убавина и здравје

Добро познато е дека мирисите ги оживуваат спомените. Веројатно тоа сте го доживеале кога некаде сте налетале на мирис на јаболки и цимет кој ве потсетува на Божиќ кај вашите баба и дедо па сте се почувствувале како повтроно да сте дете. Веројатно сте се увериле во моќта на мирисите и знаете дека имаат неверојатно влијание врз нашите емоции, ум и тело.

lavanda3Докажано е дека некои мириси може да го освежат нашиот ум, да ни помогнат подобро и повеќе да помниме. Некои друг пак може да не натераат малку повеќе да запнеме на тренинг, и вежбите кои ги изведуваме да ни бидат помалку напорни. Некои ароми имаат мож да не разбудат, некои да не смират, некои да создадат чувство на блискост а некои да ни пружат утеха.

Запознајте ги магичните својства на лавандата, ванилата, ментата, јасминот и како тие делуваат врз човечкиот организам.

Ванила

Ако ви треба утеха или свеж бран на креативност помирснете ја ванилата. Нејзината арома делува смирувачки на емоциите,  го поттикнува умот на креација и има афродизијачки својства.

Лаванда

Лавандата е толку благороден и смирувачки мирис кој може да ве доведе до зен состојба. Капнете неколку капки на вашата перница масло од лаванда или во средството за туширање и за кратко време ќе потонете во сладок сон.

Гераниум Многумина го обожуваат неговиот мирис и докажано е дека неговиот мирис стимулира одредени подрачја во мозокот задолжени за хормоналниот баланс, што може да ви помогне да си ги олесните тегобите на ПМС-от.

Мента

Ментата ќе ви помогне успешно да го извежбате вашиот тренинг: нејизниот мирис ќе ве поттикне да бидете помотивирани во вежбањето,  а самите вежби ќе ви се чинат полесни.

Јасмин

Мирисот на цветот на јасмин испушта хемикалии на добро расположение, ги намалува тегобите и дава полет а неговиот чај помага при слабеењето.

Зрно кафе Ќе ве смири и ќе ве направи помалку раздразливи по непроспиената ноќ.

Лимон

Исцедете неколку капки лимон додека работите или кога подготвувате испит. Мирисот ќе ви го изостри умот и работната способност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top