Home / аларм / Колку и зошто се штетни црните пломби

Колку и зошто се штетни црните пломби

Амалгамските пломби содржат околу 50 отсто жива, која е поотровна и од оловото и арсенот и може да се таложи во повеќе органи и да создава здравствени проблеми – главното прашање е што се случува со живата и нејзините соединенија во организмот нa подолг, односно траен период.

Штетните ефекти на црните пломби

Штетното дејство на живата го погодува речиси целиот организам. Доаѓа до нарушување на работата на срцето, настануваат невролошки нарушувања (мигрена, депресија, мускулни грчеви, несоница), слабокрвност, замореност, генетски болести. Живата е откриена во крвните зрнца на дете чија мајка во устата имала амалгамски пломби. Значи, живата минува низ плацентата, па дејството на живата посебно е опасно за трудниците.

zlatni plombi zabarИнтересно е дека мултиплекс склероза се појавила во исто време кога и амалгамските пломби. Мошне често доаѓа и до опаѓање на косата. По отстранување на овие пломби, косата почнува повторно да расте. Знаците на труење се појавуваат неколку години по ставање на пломбите. Симптомите се многу прикриени и подмолни, а тоа е една од причините поради што тешко се открива. Овие пломби, меѓу другото, имаат штетно влијание и на очите, бубрезите и зглобовите.

Амагламската пломба во контакт со плунката создава галванска микроструја којашто има штетно влијание на организмот. Црните пломби не можат да постигнат точкест контакт, туку површински и штетно влијаат на забите и зглобовите на вилиците. Сребрените пломби се и естетски сосема инфериорни.

Што содржат амалгамските пломби Живата е многу отровна, дури поотровна е и од оловото и арсенот. Амалгамските пломби содржат околу 50 отсто жива. Според тврдењата на поддржувачите на овие пломби, оваа жива е врзана и не може да се ослободува. Меѓутоа многубројни истражувања покажуваат дека многу брзо по вградување на амалгамските пломби, живата може да се докаже во крвта на човекот.

Црната пломба содржи метали како што се сребро, бакар, алуминиум, цинк и жива, кои заедно формираат легура. Живините пареи од амалгамсните пломби постојано се ослободуваат во тек на 24 часа дневно. Дури и при обичното жвакање на амалгамот на забите, количините на живните пареи во усната шуплина се зголемува за 6 пати. Тоа е голема и опасна концентрација и да нема забуна и живините пареи содржат жива.

plombe-300x18390 отсто од овие пареи многу добро се апсорбираат најголемиот дел на белите дробови. Во рок од 10 минути, 30 отсто од оваа белодробна жива завршува во крвта и другите оддалечени органи. Со циркулацијата се таложи во мозокот, што е многу опасно. Тука ќе остане со години. Покрај тоа петте метали присутни во амалгамот, доаѓаат во интеракција и создаваат 16 различни корозивни соединенија. И тие се сместуваат на различни локации.

Трудниците се посебно загрозени. Живата од амалгамот на пломбата на трудницата брзо ќе премине на фетусот. Конкретно три дена по вградување на амалгамот живата се појавува во крвта на фетусот и амнио течноста. По 15 дена отровот е присутен насекаде во плацентата, црниот дроб, бубрезите… Дури и во мозокот. Концентрацијата на живата зависи од бројот на амалгамски пломби на мајката. Многу новороденчиња се затрујуваат од мајката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top