Free songs
Home / Болести и лечење / Камења во жолчката

Камења во жолчката

Главните симптоми на камења во жолчката е акутна и внатрешна болка во абдоменот. Лошото варење, гасовите во стомакот, чувството на надуеност по оброците, констипацијата и гадење се останатите вообичаени симптоми. Нетолеранцијата кон масти, вртоглавицата, жолтицата, анемијата, акните и останатите рани се уште неколкуте состојби кои можат да се појават.

Главниот причинител на камења во жолчката е прехранетоста која се појавува поради големиот внес на рафинирани јаглехидрати, особено шеќер.  Други причинители се хронична констипација, нарушено здравје, наследниот фактор, и стрес. Кинезите ја поврзуваат оваа болест со емоција на бес.

zolcka kamenБолката поради камењата во жолчката може да се отстрани со аплицирање на врели облоги на горниот дел од стомакот. Се применува исто така и клистир со топла вода за прочистување на утробата на дебелото црево. Физичката активност е исто така многу важна. Оперативниот зафат станува неопходен доколку камењата на жолчката се големи или во случаи каде тие се присутни подолго време во организмот.

Цвекло:
Свежиот сок од цвекло како и сокот од морков и краставица во количина од 100мл поединечно, се најдобрите прочистувачи на жолчниот меур. Овој комбиниран сок се докажа како полезен во третманот на сите нарушувања поврзани со овој орган и треба да се зема двапати на ден.

gluvarceГлуварче: 
Глуварчето е одлично за постигнување одлични ефекти кај проблемите со жолчката. Околу 125мл вода од глуварче и вода од кресон се зема двапати на ден. Кога се комбинира со вегетеријанска диета, без шеќер и скроб, на ваквиот начин се помага да се наврати нормалната функција на жолчката.

Круша: 
Крушата е уште еден одличен лек за нарушувањата на жолчката. Овошјето или неговиот сок треба да се зема на слободна волја од пациентот за полезни резултати. Со ова се постигнува олеснувачки резултати врз жолчниот меур, неговите нарушувања како и камењата на жолчката.

Цикорија: 
Цветот, семето и коренот од цикорија или пак самото стебло се смета за корисно кај нарушувањата на жолчниот меур. Се прави екстракт од 30 до 60мл од цветот, семето и коренот и се употребува три пати на ден за полезни резултати во третирањето на овие нарушувања.  Ендивијата или цикорија во речиси секоја комбинација го поткрепува секретот на жолчката и затоа и многу добра како за црниот дроб така и за дисфункциите кај жолчката.

maslo 111Маслиново и сончогледово масло: 
Лекот од масло се применува од многу лекари за отстранување на камењата во жолчката. Свежо, природно и нерафинирано масло од маслинка и сончоглед се употребува за ваквиот лек. Се зема 30мл растително масло, најдобро маслиново веднаш наутро проследено со 120мл сок од грејпфрут или сок од лимон. Овој третман треба да се применува секое утро во период од неколку дена, дури и недели доколку е потребно.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top