Стриите се јавуваат како последица од нагло растегнување на кожата и претставуваат еден од најголемите непријатели на убавиот изглед на женското тело. Многу жени од својот пубертет живеат со стрии, а некои поради тоа имаат комплекси, па дури и психички проблеми.
Доколку за кратко време сте изгубиле поголем број килограми (но, доколку и нагло сте се здебелиле), сигурно сте се соочиле со стриите, кои најчесто се појавуваат на пределот на стомакот, градите, задникот и бутовите. Но, појавата на стрии најмногу зависи од гените и од флексибилноста на кожата, односно од тоа колкава количина на колаген и витамин Е содржи.
За поуспешно да се изборите против оваа естетски лоша појава, потребно е да консумирате што повеќе продукти богати со витамините К, Е и Ц, како и истовремено да ги треритате загрозените места со препарати кои е најдобро да ги подготвите во вашата кујна, користејќи ги природните производи.
Измешајте камилица со масло од лаванда и јојоба, а потоа секој ден мачкајте ја мешавината на подрачјето на стриите. Испасирајте авокадо и помешајте го со лимонов сок и маслиново масло. Добиената смеса нанесувајте ја два пати неделно на кожата со газа и нежно тријте.
Плус Инфо