Home / аларм / Кога удира гром ова никако не смеете да го правите!

Кога удира гром ова никако не смеете да го правите!

Најчестото прашање меѓу граѓаните е што да правиме кога ќе почне да грми.

Еве неколку совети од метеоролозите вредни злато:

brza-pomos-grom– Ако сте на отворено, никако не легнувајте на земја. Подобро е да клекнете со главата меѓу колената, во оваа позиција избегнувајте косата да допира до земја.

– Никако не користете телефон, без разлика дали е фиксен или мобилен. Мобилниот задолжително исклучете го, особено ако не сте во затворена просторија. Сетете се дека и фиксниот телефон користи електрична енергија.

– Никако не застанувајте под дрво, особено не под осамено!

– Ако сте дома и гледате дека се подготвува невреме, затворете ги вратите и прозорците, исклучете ги електричните апарати

– Не се туширајте, избегнувајте било каков извор на вода.

– Ако сте во автомобил, затворете ги прозорците и никако не излегувајте, почекајте да заврши бурата

– Со рацете покријте ги ушите, за да ги заштитите ушните тапанчиња

– Никако немојте да поправате оштетени делови од куќата

– Заштитете се од уличните поплави

– Избегнувајте да користите метални предмети

– Доколку сте на риболов, веднаш оставете ја јадицата, и што побрзо излезете од чамецот.

– Избегнувајте оштетени столбови, бандери, далеководи, трафостаници и други објекти кој служат за пренос на електрична енергија. Никако не допирајте кабли или било какви метални или бакарни жици кои се оштетени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top