Home / сведоштва / Kога медицината молчи, а делува Божјата волја

Kога медицината молчи, а делува Божјата волја

Џејк Гладстон е жив доказ дека чудата се случуваат насекаде околу нас. Ова позитивно детенце покажува како изгледа кога медицината ќе замолчи, а Божјата волја ќе стапи на сила.

1jakebozjaНа четиригодишниот Џејк лекарите уште по раѓањето му дијагностицирале дека половина од мозокот не му функционира. Очајната мајка Сара тешко го прифатила фактот дека нејзиното момченце можеби нема да може да оди или да зборува. Сепак, Џејк денес живее како и секое детенце на негова возраст.

Кога бил роден во септември 2009 година Џејк имал симптоми на настинка, па после една недела родителите го однеле во болница, но лекарите сметале дека треба да замине на домашно лекување.

Меѓутоа, кога наполнил шест месеци родителите забележале дека отежнато ја мрда десната рака.

jakebozja-Не беше мирно бебе. Плачеше доста во текот на денот и ноќта. Првите лекарски прегледи и прогнози биле доста песимистички. Половината од мозокот не му била функционална ниту пред раѓањето. Воопшто не знаевме за што станува збор, објаснува мајката.

Објаснувањето било дека детето во матката имало некаков вид на мозочен удар, па мозокот останал без кислород.

-Џејк пред неговиот прв роденден успеал да стане и да оди тромаво низ дома. На нашата среќа и немаше крај бидејќи за нас тоа не беа први обични чекори – вели неговата мајка Сара која сега едвај го стига својот син.

Првиот збор што го изговорил бил портокал. Но следната година била напорна за целото семејство, дури тогаш детенцето почнало да оди правилно и да ги изговара зборовите.

-Задоволни сме со неговиот напредок, особено дека во меѓувреме му беше дијагностицирана и епилепсија. Нападите се кратки и ретки и учиме да живееме со тоа, завршува Сара.

Иако докторите кренале раце, сепак Господ имал други планови за Џејк.

Денес тој функционира како и секое друго дете на негова возраст и не дозволува ништо да го спречи во тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top