Home / алтернативна медицина / Kанцерогените клетки самите се убиваат – здрава замена за хемотерапија

Kанцерогените клетки самите се убиваат – здрава замена за хемотерапија

Poly-MVA или синтетичка ДНK-редуктаза претставува течен диететски додаток, кој содржи разновидни минерали како Б-комплекс витамини, паладиум, аминокиселини и липоична киселина. MVA е скратеница од минерали, витамини и аминокиселини. Poly-MVA е промовирана како нетоксична алтернатива на хемотерапијата. Некои луѓе исто така ја препорачуваат да се користи како главен лек за време на третманите против рак. Се користи во комбинација со конвенционалните медицински третмани против канцер.

Poly-MVA е црвенкастокафеава течност, која се употребува орално (на уста). Не постојат студии (испитувања) за утврдување безбедни и ефективни дози, но производителот препорачува од половина до осум кафени лажички дневно. Poly-MVA се користи во здравствени установи во Соединетите Држави и во Мексико и може да се купи на интернет.

Kоја е историјата на оваа терапија?

Poly-MVA е создадена од Мерил Гарнет, поранешен стоматолог со образование и пракса по биохемија. Тој спроведувал истражување во областа електрогенетика уште од 1950 година во различни лаборатории на Лонг Ајленд во Њујорк. Тој е основач и директор на лабораторијата Гарнет Макин, која продолжува да ја проучува терапијата Poly-MVA и слични соединенија.

Според производителот, Poly-MVA била достапна во Соединетите Држави од 1992 година. Во 1995, Гарнет го патентирал “Паладиум соединенија и методи во третман против тумори и псоријаза”. Poly-MVA останува популарен додаток во третманот против канцерогени заболувања и покрај недоволните докази за ефективноста.

Не се комбинира со друга алтернатива

Оваа терапија не смее да биде комбинирана со другите од областа на алтернативната медицина, дури е потребно да се ограничи и внесувањето витамини како додаток на исхрана додека се практикува. Kонкретно, витамините во вид на апчиња или шумливи таблети најдобро е да не ги внесувате додека ја практикувате Poly-MVA. Витаминот Ц, мултивитамините и сл. треба да ги заборавите во тој период. Секако, треба да се знае дека витамините што доаѓаа природно преку исхраната не се штетни и тоа не важи за нив. На пример, не треба да се ограничувате од консумирањето лимон плашејќи се дека ќе го зголемите нивото на витамин Ц во организмот.

Лек што ја враќа енергијата во телото

Се смета дека главната состојка на Poly-MVA се липоичната киселина и паладиумот (lipoic acid-palladium complex). Според иноваторот на Poly-MVA, ова соединение може да го смени електричното полнење на ДНK-молекулите и на другите делови од клетките. Оваа активност, која им помага на оштетените ДНK-клетки да се поправат, а во исто време предизвикува канцерогените клетки да се самоуништуваат, се вика апоптоза. Поборниците на оваа теорија, исто така, тврдат дека паладиумот овозможува липоичната киселина, како антиоксиданс, да навлезе во сите клетки од телото каде што поинаку не би можела да стигне. Се смета дека другите компоненти на Poly-MVA ги дополнуваат овие дејства за да се вратат хранливите материи потребни за енергија. Poly-MVA беше промовиран и рекламиран како metallo-vitamin. Многу од алтернативните лекари го препорачуваат како начин за заштита или третман против канцерогени заболувања. Поддржувачите на оваа алтернатива велат дека е ефективна против неколку вида тумори и оти го зајакнува имунолошкиот систем, ја намалува болката и му помага на пациентот да му се вратат енергијата и апетитот. Упатените луѓе сметаат дека оваа терапија може да го подобри квалитетот на живеењето, особено на луѓето што се веќе подложени на хемотерапија или зрачење. Некои тврдат дека со употребата на Poly-MVA може и да се преживее. Постојат извештаи во кои се тврди дека Poly-MVA е корисна и против други болести како астма, псоријаза и сида.

Алтернативата наспроти научните докази

Достапните научни докази с` уште не го поткрепуваат тврдењето дека Poly-MVA претставува ефективна терапија во борбата против канцерогените заболувања. Создавачите на Poly-MVA тврдат дека зад оваа терапија постои историја од “повеќе од четириесет години лабораториски истражувања и тестирања и петнаесет години клиничка употреба”. Меѓутоа извештаите за ефективноста на Poly-MVA не се потврдени и не се објавени во научни списанија. Во медицинските списанија нема конкретна студија за влијанието на Poly-MVA кај луѓето, но истражувања врз глодачите ги потврдуваат позитивните ефекти. Во таа студија, акцентот е на заштитните ефекти на клетките кога има недостаток од кислород.

rakМожни несакани ефекти?

Овој производ се продава во Соединетите Држави како диетален додаток. За разлика од лековите (кои мора да бидат тестирани пред да бидат пуштени во продажба), на компаниите што произведуваат додатоци не им бараат да докажуваат пред прехранбените и лекарските комори дека нивните производи се безбедни за употреба сè додека не изјават дека нивните додатоци можат да спречат или да излекуваат некоја болест.

Некои од производите можеби не го содржат количеството на билни супстанции што се наведени во декларацијата, а некои содржат и други дополнителни супстанции. Наведените количества може да варираат во зависност од брендот или дури и да има разлика помеѓу сериите од ист бренд.

Повеќето вакви додатоци не се тестирани за да се види дали предизвикуваат реакции ако се користат со лекови, храна или со други билки и други додатоци. Иако некои реакции и несакани ефекти се објавувани, сепак целосни студии за реакции нема. Поради овие ограничувања, информациите за реакции и несакани ефекти се сметаат за нецелосни.

Соединенијата на паладиумот можат да предизвикаат алергиски реакции кај некои луѓе, бидејќи липоичната киселина е моќен антиоксиданс. Поради тоа, луѓето што се подложени на третман против канцерогени заболувања треба да се консултираат со својот лекар пред да го употребат овој додаток, односно да испитаат дали имаат алергиски реакции на некоја од состојките. Досега Poly-MVA се користи во комбинација со конвенционалните медицински третмани против канцер.

Дневник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top