Home / природен лек / Лековити билки во Македонија – која што лечи

Лековити билки во Македонија – која што лечи

Шипинка – е директен превод од научното латинско име (Rosa Canina).

Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со Витамин Ц и сите продукти од шипинка се меѓу најдобрите извори за овој витамин.
Плодот може да се конзумира и сиров откако ќе се отстранат боцките и семките од внатрешноста. Боцките може да предизвикаат чешање, или иритација на дигестивниот систем доколку се козумираат во поголеми количини.
Семето од шипинката може да се користи за правње масло кое се употребува за козметиката и дерматологијата.

ajducka trevaАЈДУЧКА ТРЕВА(БЕЛА РАДА) (Achillea millefolium )

Ајдучката трева има широка примена.

Поради нејзиниот состав се употребува за лечење на болести на желудникот и дебелото црево, жолчката и црниот дроб, го регулира шеќерот во крвта и одличо делува против крварење од хемороиди.

Ива трева – Teucrium montanum

Во народната медицина е многу ценета билка, која се употребува за лекување на разни заболувања на органите за варење и дишните органи, за лекување на бубрезите и многу тешки болести, рак.

Златица – Solidago virgaurea

Златицата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок.
Исто така, може да се употребува и при цревни заболувања, дијареја, колити, кај душевни болки, за смирување при тешки состојби и слично.

БОЗЕЛ (Sambikus nigra )

bozelГрмушка или дрво со многу разгрането стебло. На врвот на гранките цветот е собран во вид на чадор со бела или жолто-бела боја и има специфичен мирис.

Чајот од цветот предизвикува потење и затоа се употребува против настинка , грип, воспаление на белите дробови и дишните органи, реума.

ГЛОГ ( Crataegus ohyscantha) Средно висока грмушка со разгрането стебло. Гранките се жилави и тврди и полни со трње. Цветовите се со бела или розова боја собрани во метличесто соѕвездие. Глогот лечи од срцеви заболувања, болести на аортата, го регулира крвниот притисок, го јакне срцето, помага при нервна напнатост, несоница, потење, зуење во ушите, страв, вртоглавица, влијае и на попуштање на грчот на крвните садови.

Здравец – Erodium cicutarium
Здравецот се користи против крвавења од внатрешни органи, од матката и хемороиди, потоа може да се користи при болки во стомакот и цревата, против шеќерна болест

КАНТАРИОН(ЗВОНИКА) (Hypericum perforatum )

kantarion-283x300 Кантарионот е билка со ситни ливчиња и развиен цвет со златножолта боја. Се употребува за внатрешно и надворешно лекување.

Старите Грци и Римјани го употребувале како средство за прочистување на крвта и за лекување рани.

Денес чајот се употребува за подобрување на работата на желудникот и цревата, заболениот црн дроб, за подобрување на мокрењето, бесоница, за регулирање на мензисот, нервната напнатост, камен и воспаленија на бубрези, за ублажување на ишијасот.

Див костен – Aesculus hippocastanum
Кората од дивиот костен се користи против: флебит, тромбофлебит, проширени вени, чир на потколеници, хемороиди, ревматизам и друго.
За овие болести од кората и семето се прават екстракти за внатрешна и надворешна употреба.

Глуварче – Taraxacun officinale
Глуварчето е познато средство за прочистување на крвта и за зајакнување на организмот. Исто така, глуварчето може да се употребува и против воспаление на белите дробови, за жолчка и црн дроб, за внатрешни крвавења од бели дробови и бубрези и за хемороиди

тегавец-Plantago lanceolata

тегавецот содржи многу лековити материи поради кои се користи во лечење на органите за дишење со помала или поголема секреција. Многу е ефикасен во лекување на астма, бронхитис, кашлица, грип па дури и кај туберкулоза. Најчесто се користи листот во лекување на болести на дишните органи. Чајот од листовите на тегавецот се пие потопол.

Особено е погоден за деца бидејќи е вкусен а посебно кога ке се заслади со мед или со шеќер.Најдобро е да се пие една шоља чај веднас наутро на празен зелудник и потоа во текот на денот 1 до 2 шољи и една пред спиење за да има подобри резултати. Свежо згмечени листови се користат како облоги кои се ставаат на место на убод од инсекти или каснување од змија. Исто така се ставаат облоги кај отоци и на рани кои тешко зараснуваат.Сокот од свежите листови го спечува крварењето и го помага зараснувањето на раната, спречува воспаленија и ја ублажува болката. Облогите од листовите ги ладат и одмараат нозете после долго и напорно одење.

МАЈЧИНА ДУШИЦА ( Thymus serpyllum )

majcina dusicaНадземно полегнато растение со тенко стебло, зелени лени ливчиња и цвет со бело-розева или светло-црвенкаста боја.

Има јак и пријатен мирис кој оддалеку се чувствува. Мајчината душица влегува во состав на средства против кашлица, а исто така за правење на забни води и пасти.

Лекува од бронхијални грчеви и кашлица, воспаленија на дишните органи, вртоглавица.

Гороцвет – Adonis vernolis Чајот од гороцвет го смирува ритамот на срцето кај болни од аритмии и тахикардии, го ослободува организмот од отоци и вода во стомакот при болно срце. Исто така има и седативно дејство.

Врбовка – Epilobum parviflorum
За лек се употребува надземниот дел и цветовите за време на цветење.
Врбовката се употребува за лекување на воспаление на простата ( бенингна хиперплазија на простата ) и проблеми при мокрење ( хипертрофија на простата), болести на мочен меур и бубрези, а исто така и при рак на мочен меур.
При берењето на врбовката, потребно е да се внимава да не се помеша со млечика која расте покрај реките и е повисока од 1,5 метри, Epilobium hirsuitum, која не е доволно испитана, и се претпоставува дека е штетна по здравјето на човекот, а која има обратен ефект.
Лист од Млечика е замена за зелен чај.

ГАВЕЗ – Symphytum officinale

Во народната медицина се употребува надворешно како средство за лекување на рани, изгореници, чир на потколеницата, против хемороиди, скршени коски (за побрзо зараснување). Употребата на гавезот треба да биде под контрола на лекар, односно гавезот не е за самомедикација.

КОПРИВА ( Urtica dioica L. )

sinusi-koprivaПовеќегодишна билка која расте по напуштени места , крај патишта, огради, потоци, на пониски и повисоки места.

За лекување се користи кај следните болести: крварење од внатрешни органи, реума, алергија, намалување на холестеролот. Едно од најважните лекарски дејства на копривата е што стимулира создавање на црвени крвни зрнца и заедно со високата содржина на железо ја подобрува крвната слика.

КРМАС

Станува збор за растение што дава ситни црни плодови, многу потсетува на рибизла, а кај нас народски го викаат крмас. Расте како гроздови во вид на грмушка. Можете да го најдете на пазар најчесто на тезгите со чаеви.
Содржи
Органски пигменти, танин, флавониди, аминокиселини, каротен, витамин А,Б, а најмногу Ц. Тој е најдобриот антиоксиданс што помага во одржувањето на холестеролот во крвта, го подобрува видот, работата на срцето, а особено го јакне имунолошкиот систем. Народите го користеле најмногу за подобрување на крвната слика и за лекување од настинки и инфекции.
Освен за подобрување на одбранбената функција на организмот, крмасот наоѓа сè поголема улога во исхраната на луѓето болни од рак. Сето тоа произлезе откако научниците излегоа со фактот дека ова овошје ги штити клетките од оштетување.

Планински чај

cajЛатинското име доаѓа од грчкиот збор за железо Sidiros и латинскиот назив за Шар Планина е Scardus.Расте претежно на повисока надморска висина во суви предели и песокливи почви. Цвета од крајот на мај до август во зависност од надморската височина. Најмногу го има на високите планински пасишта најчесто на висина преку 1500 м.н.в.

Може да се одгледува и во вештачки услови во алеи со песок, или масовно да се сади на планинските пасишта.

Поради збогатеноста со антиоксиданси се користи како одлична превентива против рак. Лековитоста од планинскиот чај се добива од надземниот дел на билката и цветот. Содржи етерично масло, танини, белковини, јаглени хидрати.Наоѓа широка примена во народната медицина.

Планинскиот чај се користи како превенција во лечење на органите за варење, против надуеност, грчеви, дијареа, гастритис и органите за дишење, во третман на астма, болести на црниот дроб и патиштата на жолчката, кај воспаление на урогениталниот систем, како и кај шеќерните болести затоа што го намалува осeтот за жед. Исто така се употребува како лек против грип, настинки, воспаленија, бактерии и зајакнување на имунолошкиот систем.

Мацина трева – очајница (lat. Marubii herba)
Содржи горчливи супстанции и танини. Поттикнува излачување на плунка, жолчни сокови и сокови на дигестивниот тракт. Очајницата помага при недостаток на апетит и воспаление на гастро-интестиналната слузница. Ја подобрува работата на јајниците. Исто така се користи и при бронхит затоа што делува како експекторанс. Го регулира менструалниот циклус.

Невен (Calendula officinalis) – природен лек за многу заболувања

nevenНевенот традиционално се користи во вид на маст за рани кои бавно зараснуваат, за посекотини, гребнатинки, изгореници, брадавици и за сите други состојби во кои е потребно да се регенерира кожата. Невенот има антисептично, антибактериско и антигабично дејство, па затоа се применува при инфекции на кожата. Често се применува кај различни кожни заболувања: екцем, акни, дерматози…

Се употребува и кај проширени вени, хемороиди, рани на потколениците, чиреви на кожата…
Исто така, невенот ги обновува и заздравува слузниците. Затоа се користи при чир на желудникот и дванаестопрсното црево, кај ранички во устата, како и за вагинално испирање.Невенот делува на релаксацијата на мускулатурата, т.е. ги намалува грчевите. Затоа наоѓа примена при болки во стомакот, болки во жолчната кеса, менструални болки…

Невенот често се наоѓа во состав на чајните мешавини кои се користат како природен додаток во борбата против малигните заболувања.Чајот од невен се употребува и при астма, бидејќи ги релаксира дишните патишта и ги намалува симптомите на болеста.

2 comments

  1. pratete mi broj eden vo kratovo vo knizara oh megdan,ama plus katalog za bilki.plus site vidovi na babini recepti plus site vodovi na na bilki koi gi imate na raspolaganaje,oti sam zavrsil ednodenven kurs za bilki vo kratovo makedonija pa mi treba sve sto imate na raspolaganje za bilki.

  2. Zdravo sakam da ve prasam kade mozam da najdam tamarind rastenie

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top