Free songs
Home / бабини рецепти / Како сами да си направите чај и сируп од Глуварче – за имунитет, инфекции, бубрези

Како сами да си направите чај и сируп од Глуварче – за имунитет, инфекции, бубрези

Глуварчето, може да се употребува и против болести на панкреасот и шеќерна болест, болест на уринарниот тракт и бубрезите.

Подготовка на чај 

gluvarce31. Цветовите се одделуваат од дршките, се ставаат во сад со вода и се доведуваат до вриење околу 10-15 минути.

2. Сварените глуварчиња убаво се процедуваат низ чиста газа, а за да извадите максимум чај можете прво да ги изблендирате па да ги прецедите, исто преку газа.

3. Во процедената течност се става шеќерот и се врие до густина на сируп, а на крај кога ќе се подолади се додава сокот од двата лимони.

Се чува во стаклено шише и се употребува по една лажичка наутро и навечер. За оптимален ефект треба да се употребува во период од 3-4 недели. Се препорачува за прочистување на организмот од токсини и за зајакнување на имунитетот.

Подготовка на сируп 

За сируп од глуварче потребно ви е: 200гр цветови од глуварче, 1 литар вода, 1кг шеќер и 1 лимон.

Подгответе го сирупот на следниот начин:

Цветовите исчистете ги во вода, ставете ги на оган и оставете водата да зоврие. Отстранете ја водата од огнот и оставете ја 30 минути да се излади.

Откако водата со цветовите ке се излади, исцедете ја, додадете го шеќерот и сокот од лимон, па вратете на оган и варете се додека не се постигне густина на сируп.

Користењето на овој сируп помага во подигнување на имунолошкот систем.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top