Home / природен лек / Како да се спасите од досадната кандида?

Како да се спасите од досадната кандида?

Овој домашен рецепт влијае позитивно на целиот организам, но посебно се користи како лек против габи.

jogurtГабата „Candida Albicans“ е вообичаен жител во нашиот организам и главно се наоѓа во устата, цревата, на кожата, гениталиите…

На зголемувањето на бројот на габи влијаат многу фактори и би требало навремено да делувате бидејќи неконтролираниот раст може сериозно да го загрози вашето здравје.

Против кандида, покрај класичната терапија, можете да се борите и со промeнa на начинот на исхрана. Избегнувајте ги намирниците богати со јаглехидрати, скроб, нерастворливи влакна бидејќи со нив се хранат габите.

Ви претставуваме рецепт за салата која растот на габите ќе го задржи под контрола и ќе му помогне на телото да се избори со кандида.

Состојки:

– 1 шоља јогурт

– 2 чешниња бел лук

– 1 морков

– ½ лажица изрендан ѓумбир

– ½ лажица цимет

Изрендајте го морковот, белиот лук и помешајте ги со ѓумбирот. Потоа додадете го јогуртот и циметот. Се добро промешајте и оставете малку да отстои. Оваа салата јадете ја еднаш дневно секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top