Home / аларм / Како да постапувате во случај на поплава

Како да постапувате во случај на поплава

Во ек на незапамтените поплави кои го зафатија Балканот, неопходно е да се потсетиме на најважните мерки на внимание кои треба да ги имаме на ум во случај да се најдеме соочени со води кои надоаѓаат.

Најважното нешто во случај на поплава е да го заштитите сопствениот живот и животите на Вашите најмили. Во најголемиот дел од случаи, веројатно навремено ќе бидете евакуирани или сами ќе го напуштите загрозеното подрачје.

Ако сепак поплавата Ве затекне во Вашиот дом, важно е да се придржувате до следниве совети:

  • poplavi srb3Носете гумени чизми и ракавици
  • Малите деца, трудниците и лицата со здравствени проблеми треба да ги избегнуваат поплавените подрачја до моментот додека поплавата не се повлече, и додека не се изврши темелно чистење на поплавените објекти.
  • Ако случајно проголтате од нечистата вода, која има голема веројатност да е контаминирана, веднаш консултирајте се со лекар.

При напуштање на Вашиот дом придржувајте се до следново:

  • Не приоѓајте до местата кои се несигурни
  • Не приоѓајте до водите кои подолго време стојат, тие се најголем извор на заразни болести.
  • Не приоѓајте ниту до местата на кои водата пребрзо протекува. Колку и да сте добар пливач, не ја потценувајте огромната моќ на водениот тек.
  • Дури и плитката вода која мирува може да биде опасна за малите деца.
  • Не очекувајте од возилата да Ве заштитат од надоаѓачките води
  • Доколку морате да излезете на место кое е поплавено, облечете непропустлива облека и користете стап за да проверите што има пред Вас во водата.
  • Исклучете ја струјата во целата куќа, како и доводот на гас доколку имате.

Покрај директната физичка опасност, поплавите носат потенцијална опасност од значително влошување на хигиенско-епидемолошките околсности и ширење на заразните болести, на кои најизложени се најосетливите групи на граѓани – децата, трудниците, хронично болните и старите лица.

Кои се опасностите од поплавата по Вашето здравје?

  • poplav srb8Поплавите носат ризик од заразни болести, бидејќи често се поврзани со прекин во снабдувањето со вода и повлекување на отпадни материи, како и со излевања на канализациите.
  • Оштетените водоводни и канализациски цевки ја зголемуваат можноста да се контаминира водата за пиење. Со загадената вода и храна се пренесуваат цревни и кожни заразни болести.
  • Се зголемува бројот на глодари и змии за време на поплавите, што представува дополнителен ризик за здравјето.
  • Големата стоечка водна површина овозможува размножување на комарците и другите инсекти кои се преносители на голем број заболувања.
  • За време и по природните катастрофи, голема е опасноста од повреди. Опасност се срушените електрични инсталации, електричните прилучоци потопени во вода, големите парчиња на скршено стакло и други материјали кои може да Ви нанесат повреди.

Што треба да преземете за време на поплавата за да ја намлите опасноста од заразни болести и повреди? 

  •  Водата за пиење може да биде загадена. Затоа, избегнувајте да пиете вода од славина, бунари или извори, додека истата не биде тестирана. До тогаш конзумирајте флаширана вода.
  • Доколку водата е само микробиолоши загадена, нејзиното вриење од најмалку 1 минута може да ги уништи бактериите. Но, доколку водата е загадена со хемикалии, провривањето не може да ја прочисти и таквата вода не смее да се користи.
  • Хигиенски неисправната вода не смее да се употребува ниту за перење садови, миење раце, лице, заби, правење мраз – со еден збор, за ништо што може да ја донесе во контакт со органите на човекот.
  • Јадете само конзервирана храна од тегли кои биле потполно затворени, а пред нивно отворање да се измијат внимателно со чиста вода.
  • Чувајте ја храната на високи, чисти и проветрени места.
  • Неопходно е оддржувањето на лична хигиена, посебно често миење на рацете со сапун (пред јадење, по користење на тоалет, по чистење на поплавниот отпад и по користење на предмети кои биле во контакт со поплавната вода). Посебно внимание да се обрне на чистотата на рацете кај децата и постарите лица.
  • Ако дојде до повредување, важно е да се знае дека отворените рани мораат да се исчистат и да се заштитат со фластер или завој, за да се спречи инфекција и контакт на раната со нечистата вода. Некогаш е потребен и додатен третман како што е вакцинирање со тетанус. Да се побара лекарска помош доколу се појави црвенило, оток или гноен исцедок на раната.
  • Лекарска помош задолжително да се побара во случај на појава на гадење, повраќање, малаксаност, диареја, зголемена температура.


Што после поплавата?

По повлекувањето на водата, неопходно е да се санираат подрачјата кои биле зафатени со водата.

  • slikaobrenДржете се подалеку од соборените електрични водови, а нивната локација пријавете ја кај надлежните институции.
  • Неопходен е преглед на електричните и плинските инсталации во домот од страна на стручни лица, пред воопшто да влезете во објектот.
  • Од комуналните претпријатија да се бара чистење и санација на канализациониот систем
  • Задолжително темелно чистење на ѕидовите и подовите на просториите во кои доспеала поплавната вода.
  • Да се фрлат загадените предмети и материјали кои не можат да се исчистат или дезинфицираат.
  • Алиштата и обувките, како и детските играчки да се исчистат и дезинфицираат.
  • Да се фрли сета храна која дошла во допир со поплавната вода.
  • Да се исчистат работните површини и приборот за храна
  • Да се избегнува возење автомобил во првите денови по полавата поради можни опасни оштетувања на патната мрежа.

http://www.winner.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top