Free songs
Home / аларм / Ракот на простата би можел да биде ’сексуално пренослива болест’

Ракот на простата би можел да биде ’сексуално пренослива болест’

Ракот на простата би можело да биде сексуално пренослива болест, којашто го предизвикува честа но тивка инфекција којашто се пренесува во текот на половиот однос, сметаат научниците, но додаваат дека се уште за цврста потврда на оваа теза недостигаат докази, се вели во студијата објавена во списанието Proceedings of the Nacional Academy of Sciences (PNAS).

prostataИако веќе се знае дека некои видови карцином се предизвикани од некои инфекции, од Cancer Research UK велат дека многу е прерано на таа листа да се додаде ракот на простата.

При тестирањето на клетки на рак на простата во лабораториите заклучено е дека трихомонијазата го помогнува растот на карциномот. Сега се потребни дополнителни истражувања за да се потврди таквата теза, сметаат научниците. Трихомонијазата е најчестата невирусна полово пренослива зараза, а заразените најчесто немаа симптоми и не се свесни за инфекцијата.

Ова истражување, инаку, не е првото коешто сугерира врска меѓу трихомонијазата и ракот на простатата. Во студијата од 2009 година, беше заклучено дека четвртина од мажите коишто боледуваат од рак на простатата покажуваат знакови на трихомонијаза, а тие мажи честопати имаат и видови тумори кои напредувале. Во сегашната студија, па, се појаснува на кој начин сексуално преносливата инфекција може мажите да ги направи чувствителни на ракот на простатата, иако тоа не е и дефинитивниот доказ за таквата поврзаност.

Професорката Патрисија Џонсон и нејзините колеги заклучуваат дека паразитот кој ја предизвикува трихозомијата – Trichomonas vaginalis, лачи протеин кој предузвикува воспаление и го забрзува растот на клетките. Сега би требало да следат нови истражувања, особено затоа што се уште не е познато што го предизвикува ракот на простата.

„Оваа студија сугерира можен начин на кој паразитот Trichomonas vaginalis може д аги поттикне клетките на ракот на простата да растат и побрзо да се развиваат. Но истражувањето е извршено само во лабораторијата”, вели Џонсон.

Во Велика Британија ракот на простатата е најчестата малигна болест кај мажите, а се дијагностицира кај еден од девет мажи во некој од периодите на нивниот живот. Почеста е кај мажи над седумдесет години, а според некои истражувања се чини дека постои генетски ризик во некои семејства.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top