Home / Болести и лечење / Како да не добиете рак

Како да не добиете рак

Кога станува збор за ракот, превенцијата е многу важна. Експертите од Светската здравствена организација (СТО) издадоа листа со 12 начини на однесување кои можат да го продолжат животот.

Пушењето енормно многу го зголемува ризикот да се добие рак на бели дробови. Значи, не е чудо што откажувањето од цигари и други производи од тутун е добар избор. Но тоа не е и единствениот совет за здраво живеење.

rak lekМеѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), која е дел од СТО во Лион, во соработка со Европската Комисија издаде „европски прописи против рак“. Книгата со совети содржи информации за тоа како луѓето во Европа можат да спречат рак водејќи здрав живот.

Бројот на заболени од рак во ЕУ се зголемува, нагласува раководителот на ИАРЦ Кристофер Вајлд за ДВ. Сите не го победуваат ракот. Книгата со совети е обид на населението во Европа да му се објасни како може да се спречи рак. „Таа се заснова на научни факти, но е напишана на јасен и директен јазик.“

Одамна познати и непознати работи

Правилата се едноставни за разбирање. Број еден и два на листата: „Не пушете. Погрижете за дом во кој не се пуши.“ Потоа следуваат телесна тежина која не го загрозува здравјето, редовно движење и здрава исхрана со многу интегрални житарици, зеленчук и овошје. Освен тоа, би требало да се ограничи конзумирањето алкохол, да се избегнува премногу изложување на сончеви зраци и при работата да се има заштита од супстанци кои предизвикуваат рак, со тоа што ќе се почитуваат прописите за ракување со опасни супстанци.

1-rak-prije-i-nakon-tretmana-sodom-bikarbonom-300x225Дури тогаш следуваат совети кои не му се познати секому, на пример дека доењето го намалува ризикот од рак на мајките и дека децата треба да се вакцинираат од хепатитис Б. Овој вирус, имено, го напаѓа црниот дроб и може да предизвика хронично воспаление, што пак може да предизвика дегенерации кои за последица имаат рак на црн дроб.

Со книгата со совети, според намерите на ИАРЦ, на населението треба да му се даде орудие в рака за соочување и борба против страшниот непријател кој носи смрт. Во Велика Британија, на пример, стравот од заболување од рак меѓу возрасните лица над 16-годишна возраст е широко распространет. Според една анкета на хуманитарната организација Cancer Research UK од 2010 година, стравот од рак е на прво место, односно од тоа стравуваат 20% од испитаниците. Британците, според ова истражување, повеќе се плашат од рак отколку од долгови, тепачки со ножеви, кои во Велика Британија се голем проблем, Алцхајмер или губење на работното место.

Во 2012 година во Европа од рак починаа 1,75 милиони луѓе. Истата година имаше и 3,45 милиони новорегистрирани случаи на заболување од рак. Најсмртен вид рак кај мажите е ракот на бели дробови – 254.000 мртви, а потоа следуваат рак на дебелото црево и на простата. Најмногу смртни случаи (вкупно 131.000) кај жените се должат на ракот на градите, а потоа следуваат ракот на дебелото црево и на белите дробови.

Пушењето енормно многу го зголемува ризикот да се добие рак на бели дробови

pusenje-830x553Многу од овие заболувања можеле да се спречат. Според Германскиот центар за истражување на ракот (ДКФЗ) во Хајделберг, непушачите имаат 90 до 95 проценти помал ризик да заболат од рак на бели дробови. Други фактори на ризик за рак на бели дробови, статистички помалку важни, се азбестот и други видови прашина.

Книгата со совети не е наменета само за индивидуална употреба, нагласува Кристофер Вајлд. „Се надеваме дека медицинските лица и владите исто така ќе ја погледнат листата и ќе ја земат како основа за да постават приоритети во мерките за контрола и превенција.“ Такви мерки, на пример, би биле поостри закони против пушење или забрана на солариуми.

Подобрено дијагностицирање

Бројот на заболени од рак во Германија е во европскиот просек. Ракот на бели дробови и на дебелото црево се причина за најголемиот број смртни случаи од рак. Кај мажите треба да се додаде и ракот на простата, а кај жените на градите.

Мамографскиот преглед е еден од начините за рано откривање на ракот на гради

mamografija-300x220Според портпарол на ДКФЗ, ракот на простата е на листата затоа што луѓето денес стануваат се‘ постари. „Тоа е болест на старите мажи.“ Со оглед на тоа што животниот век денес е подолг отколку пред неколку децении, повеќе мажи доживуваат возраст во која веројатноста да заболат од рак на простата е голема. Исто така, болеста денес почесто може да се препознае.

Истото важи и за ракот на гради – се‘ повеќе жени над 50-годишна возраст редовно прават мамографски преглед, со кој може да се открие овој вид рак. За да се спречи овој вид рак, како и ракот на желудник или на тенкото црево, има релативно едноставен трик – да се избегнува прекумерна телесна тежина.

Останете во форма

Внимавање на телесната тежина е добар начин за превенција на ракот, вели Рудолф Каакс, епидемиолог кој работи во ДКФЗ. Затоа што масното ткиво исфрла хормони кои го поттикнуваат метаболизмот. Тоа доведува до поголема делба на клетките. На тој начин може да настанат и клетки на рак. Нездрава исхрана и многу сало го зголемуваат ризикот од рак на дебело црево и на гради, иако тој ризик ни оддалеку не е толку висок како што е ризикот да се добие рак на бели дробови доколку се пуши. Сепак, зголемената телесна тежина станува се‘ поголем проблем. Бројот на дебели луѓе во западните индустриски земји многу се зголемува. А, како што вели портпарол на ДКФЗ, мало зголемување на ризикот кај голем број луѓе е исто толку лошо како големо зголемување на ризикот кај мал број на луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top