Free songs
Home / нови лекови / Чешки научници патентираа нов начин за лекување на тумори на главата и вратот

Чешки научници патентираа нов начин за лекување на тумори на главата и вратот

Чешките научници патентирале нов метод на биолошки третман на тумори на главата и вратот, соопштија од Институтот за анатомија при Медицинскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага.

vrat lekarОвој вид на тумори не е чест, но тешко се лечи и потребна е хируршка интервенција на отстранување на голем дел од лицето и вратот. Затоа новиот вид на лекување кој во практика би се вовел за 15 години ќе донесе револуционерни промени.

Научниците откриле дека растот на т.н сквамозен карцином покрај туморските клетки влијае и на не-туморските клетки во околината, особено фибробластите, односно клетките на сврзното ткиво, јави дописникот на МИА од Прага.

Понатаму е откриено е дека производите на овие гени може да бидат блокирани, а со тоа да ја спречи активноста на фибробластите, кои го потпомагаат растот на туморот. Според истражувачите, лечењето основано на овој механизам ќе го намали, па дури и ќе го запре растот на туморот. Експериментот е извршен врз повеќе од сто пациенти кои дале согласност за тоа.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top