Home / бабини рецепти / Јапонски бабини лековити рецепти

Јапонски бабини лековити рецепти

umeboshi-plums-600x449Чај од „Умебоши“ сливи

Умебоши сливите се берат во месец Јуни, па потоа се ставаат во глинени тегли со морска сол додека да ферментираат. Се смета дека се многу лековити.
Загрејте 2 или 3 умебоши сливи на тивок пламен, внимавајќи да не изгорат. Додате ги во шолја жежок чај. Напивката предизвикува потење, што пак ја намалува температурата и го забрзува процесот на оздравување.

grilled-onion-600x497Печен млад кромид

Исечете добра порција од белиот дел од неколку стебла млад кромид. Печете ги на ниска температура, внимавајќи да не загорат. Завиткајте го снопот во газа и притиснете ги стеблата едно кон друго. Одвиткајте и уживајте. Се смета дека овој лек е добар за циркулацијата на крвта, ги смирува воспаленијата, а покрај при болното грло, помага и при затнат нос.

Гинко ореви

Плодовите на дрвото Гинко се неверојатно смрдливи и кај некои луѓе можат да предизвикаат алергиски реакции. Но ако имате пристап до нив и не сте алергични, јадењето 5 или 6 од нив ја олеснува кашлицата и го редуцира шлајмот.

gingko-nuts-600x399

Мед и дајкон

Исечените парчиња од дајконот се потопуваат во мед и се оставаат 2 до 3 дена да отстојат. Создадениот сок (сируп) е ефективен супресант и ја „задушува“ кашлицата.daikon-honey-600x399

Лотосов корен

Се смета дека супата од издробен или изрендан лотосов корен, сос од соја, ѓумбир и „arrowroot“ (брашно од корени на тропски растенија) е еден од најбрзите лекови против настинка.lotos koren

Кромид и ѓумбир

Издробете четвртина кромид и малку ѓумбир. Ставете ги во шолја со врела вода и додадете една супена лажица мед. Смесата помага при затнат нос.

grated-onion-600x450

Следните два се малку чудни:

kromid2Кромид за синуси и затнат нос

Како привремено решение за затнатиот нос, јапонските баби препорачуваат да земете парче исечен кромид и да го помирисате неколку пати, вдишувајќи што подлабоко од миризбата. Ги прочистува синусите и краткорочно го олеснува затнувањето на носот

Ѓумбир и маслиново масло за главоболка

Против главоболка, старите дами од Јапонија препорачуваат паста од издробен ѓумбир и масло од сусам. Пастата се нанесува на челото и слепоочниците.

Не можеме да кажеме со сигурност дека рецептите делуваат, но старите жени во Јапонија дефинитвно веруваат дека е така.

365.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top