Home / природен лек / Јагоди – белеат заби, намалуваат крвен притисок…

Јагоди – белеат заби, намалуваат крвен притисок…

Јагодите се мошне омилени и кај децата и кај возрасните поради прекрасниот вкус, но и поради убавиот изглед. Во плодот има околу осум отсто шеќер, но 30-100 милиграма витамин Ц на 100 грама јагоди. Меѓу другото, јагодите содржат и минерални материи, од кои калиум, фосфор, калциум, сулфур, железо и во помали количества манган, цинк и јод. Натриумот во минералните материи изнесува само 2,5 милиграма, така што и лицата кои страдаат од болни бубрези може да ги користат јагодите во исхраната. Јагодите поволно делуваат при висок крвен притисок, запек, анемија (слабокрвност), болести на жолчката и бубрезите.

jagodiЈагодите се идеално овошје за намалување на телесната тежина, затоа што поради некои нутритивни состојки, го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и го контролираат нивото на шеќерот во крвта. Една шолја јагоди содржат само 49 калории.

Јагодите имаат благотворно дејство на здравјето на организмот. Тие се богати со витамин Ц и влакна, содржат калциум, калиум и магнезиум. Исто така, ова овошје е богат извор на антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од појава на хронични болести и помагаат кај воспаленијата.

Истражувањата покажуваат дека јагодите помагаат во забавувањето на растот на клетките на туморот на црниот дроб и на стареењето на мозокот.

Еден вид антиоксидант кој се содржи во јагодите го намалува и ризикот од појава на срцеви болести и мозочен удар бидејќи ги штити крвните садови.

Консумирањето 8-10 јагоди дневно (една шолја) го намалува крвниот притисок, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања. Јагодите го подобруваат помнењето, го намалуваат ризикот од појава на рак.

Освен тоа, јагодите се едно од најдобрите средства за белеење на забите.

Поради исклучителната содржина на материи во плодовите, ги прават јагодите соодветни не само како свежи, туку и замрзнати и преработени, така што во вкусот на ова овошје може да се ужива и кога ќе помине сезоната на свежите плодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top