Free songs
Home / аларм / Ја има само на Балканот и зема замав – БОЛЕСТ што ги прави бубрезите како ореви

Ја има само на Балканот и зема замав – БОЛЕСТ што ги прави бубрезите како ореви

Aмериканскиот портал „Њујоркер“, под наслов „Отруено земјиште – на патеката на мистериозната болест“ објави вознемирувачка репортажа дека на Балканот има неутврдено голем број болни од фаталната балканска ендемична нефропатија, во која бубрезите почнуваат да изумираат. Се наведува дека кај околу половина од пациентите се развива редок вид рак на горниот уринарен тракт и оти без трансплантација на бубрег или третман со дијализа, смртта обично доаѓа во рок од една година.

http://www.ajkd.org/article/S0272-6386%2808%2900993-1/fulltext

bubreg kamen„Минатиот септември во болница во источна Хрватска јас и татко ми видовме колекција од околу 400 човечки бубрези. Повеќето им припаѓаа на жртви на мистериозна, фатална болест на бубрезите, која се случува во земјоделските заедници на реката Дунав и нејзините притоки. Во некои села ја има, а во други, кои на секој начин изгледаат идентично, ја нема. Нападот на болеста, позната како балканска ендемична нефропатија (БЕН), се случува во подоцнежните години од животот откако пациентот живеел во погоденото село 15 или 20 години. Првите симптоми вклучуваат слабост, анемија и менување на бојата на кожата во бакарна“, се наведува во репортажата на „Њујоркер“.

Откако кај хрватскиот патолог ја виделе колекцијата на бубрези, чувана во тегли со формалин во кои имало бубрези со различни туморозни оштетувања и атрофирања, а некои биле мали колку орев, таткото на авторот на текстот, лекар-нефролог, истакнал дека никогаш не видел толку мали бубрези.

Порталот посочува дека несигурност и контроверзии ги опкружуваат најосновните податоци како што е бројот на луѓето што ја имаат болеста.Balkan_endemic_nephropathy

„Еден лекар со кој зборував вели дека бројот е 100.000. Неодамнешно истражување во Хрватска откри дека зачестеноста на болеста опаѓа, а српско истражување вели дека не е така“, пишува во репортажата.

Болеста е карактеристична за гратчето Витина во Kосово, за населбите крај Јужна и Велика Морава, по текот на Дунав, како и регионот на Стара Планина во Бугарија. Точната причина никогаш не е откриена. Има теории дека болеста е последица на труења и се посочуваше кадмиумот. Други теории ги посочуваа ханта-вирусите како причина за топењето на мембраните на бубрежните клетки, но никогаш не се докажа дали тие се причина или само минувачи во таквата состојба. Ова заболување се разликува од другите бубрежни болести по тоа што бубрезите се намалуваат симетрично. А ваквите пациенти за 20 отсто повеќе од другите болни развиваат тумори на уринарниот тракт

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top