Home / аларм / Информации што можат да ви го спасат животот

Информации што можат да ви го спасат животот

1. Ако ве зафати водена струја, останете мирни и пливајте паралелно со брегот. Пливањето директно кон него може само побрзо да ве измори.

dete prva pomos2. Кога викате „Помош!“, пробајте да повикате одредени луѓе. На пример, „Еј ти, во зелената маица!“. Така ги намалувате шансите таа личност да биде погодена од „синдромот на случаен минувач“ и да остане стаписана наместо да ви помогне.

3. Во ситуација на опстанок, запаметете ги следниве правила:

– можете да преживеете 3 минути без воздух
– 3 часа без засолниште при страшни временски неприлики
– 3 дена без вода
– 3 седмици без храна

4. Ако забележите своја или туѓа фотографија на која има некој кому само едното око му е црвено од блицот, тоа може да е знак за ретинобластома (вид на рак на окото)

5. Ако се најдете во зграда која гори, наведнете се. Воздухот што е сé уште добар за дишење ќе биде на дното.

6. Ако сте маж и уринирате врз тест за бременост и ако тестот се покаже како позитивен, можно е да имате рак на тестисите.

7. Зеленото светло на семафорот не значи дека е безбедно да поминете. Ова нема потреба да ви го кажеме, но дефинитивно има потреба да ве потсетиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top