Рејнова болест прави некои делови на телото, особено прстите на нозете и рацете да ви се вкочанат и да побелат како последица од студ или стрес. Кај оваа болест малите артерии се згрчуваат и спречуваат стабилно снабдување со крв во овие делови.
Кај жените е почеста, а се поврзува и со луѓе во ладните краишта. За многумина оваа болест не е озбилна, но може да влијае на квалитетот на животот.Симптомите се ладни раце или прсти. Промена на бојата на кожата под влијание на студ и стрес.
Кај оваа болест, обично прво побелуваат прстите, а потоа и помодруваат во внатрешноста. Како што се враќа циркулацијата на крвта во нормала овие делови на телото се вцрвенуваат, отекуваат и премногу болат. Рејновата болест, исто така може да се почувствува и на нос, уши, па дури и на брадавиците.
Потребни ви се 15 минути затоплување за да се вратите во нормала. Доколку за ова време состојбата не се подобри, веднаш посетете лекар.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes