Home / аларм / И официјално: Загадениот воздух виновен за рак на белите дробови, повеќе од цигарите

И официјално: Загадениот воздух виновен за рак на белите дробови, повеќе од цигарите

-Загадените материи од воздухот кои ги вдишуваме се главна причина за рак на белите дробови, тврдат од Светската здравствена организација, пишува „Би-Би-Си„

-Загадувањето кое е резултат на издувните гасови, нус производи од електраните, емисијата на гасови во производството и индустријата, како и резултат од греењето на домовите, се главна причина за рак на белите дробови, што треба да делува како силна порака до властите да преземат акција, велат од СЗО.

vozduh-chemestrials-zagaden-300x178

Меѓународната агенција за истражување на рак (ИАРЦ) која е дел од СЗО, го смести загадувањето на воздухот во истата категорија како и чадот од цигарите, УВ зрачењето и плутониумот.

-Загадувањето на воздухот сега е познато дека предизвикува срцеви и респираторни болести, но доказите сега укажуваат, исто така дека предизвикува и рак- наведуваат од ИАРЦ.

Најновите податоци укажуваат дека 223.000 смртни случаи на рак на белите дробови ширум светот се предизвикани од загадување на воздухот, од кои повеќе од половина во Кина и другите земји од Источна Азија бидејќи брзата индустријализација довела до небо полно со смог во градовите како што е Пекинг.

Глобален проблем и загриженост поради загадувањето на воздухот отворен е и во Европа оваа недела, бидејќи податоците укажуваат дека постои врска и со ракот на бешиката.

-Воздухот кој го дишеме, стана презаситен од мешавина на канцерогени супстанци. Знаеме дека надворешното загадување на воздухот не е само голем ризик по здравјето во целина, туку водечка причина за смрт од рак- рече Д-р Курт Страиф, од ИАРЦ.

Челничката на истражувачката интерпретација во Меѓународниот фонд на светското истражување за војни, Д-р Рејчел Томпсон наведува дека најновите докази ја потврдуваат потребата, владата, индустријата и меѓународните тела, итно да ги решат еколошките причини за рак.

-Но се уште има многу што можеме да направиме како поединци за да се намалат шансите за развој на болестите, како што е поголема физичка активност и усвојување на здрави навики во исхраната- наведе Томпсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top