Home / нови лекови / Хрватски научник: За 4 години ќе го лекуваме ракот на белите дробови

Хрватски научник: За 4 години ќе го лекуваме ракот на белите дробови

Меѓународниот тим на научници од Универзитетот во Торонто, под водство на хрватскиот молекуларен биолог Игор Штагљар, откри нов биомаркер за карцином на белите дробови.

Станува збор за паметен лек кој селективно ги уништува станиците на туморот, а здравите ги остава недопрени, обjаснува Штагљар.

Пронајдовме протеин под името Crk2. Тој се врзува на мутираната форма на протеинот и потоа ја забрзува делбата на станиците на туморот, вели Штагљар.

legionela beli droboviТимот на Игор е на прагот на конечното откривање на лекот за карцином на белите дробови -смртоносна болест од која во целиот свет годишно умираат повеќе од милион и 600 илјади луѓе.

Сега отприлика сме оддалечени четири години од примената на лекот. Сознанијата говорат дека лекот најверојатно ќе може да се примеува во лекувањето на останатите облици на карцином, но тие истражувања се во тек. Лекот на почетокот ќе можат да го користат мал број заболени за да се тестира токсичноста и пропратните појави, објаснува овој научник.

За четири години, тврди Штагљар, „хемотерапијата и новиот лек ќе бидат најделотворен начин на лекување на оваа засега неизлечива болест“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top