Free songs
Home / Болести и лечење / Халикобактер пилори, бактерија која создава проблеми во желудникот

Халикобактер пилори, бактерија која создава проблеми во желудникот

Хеликобактер пилори е отпорна бактерија која е најдена на слузокожата на желудникот на човекот, на раничките во усната празнина, забните наслаги и во столицата.

helikobakter-300x193Таа е единствена бактерија која може да преживее во киселата средина со мала количина кислород, а може да доведе до долготројни проблеми со желудникот.

Бактеријата Хилобактер пилори кај заразените во 95 до 100 отсто случаи предизвикува хронично воспаление од типот на хроничниот гастритис, во 20 отсто случаи предизвикува улкусна болест, а кај еден отсто луѓе може да доведе до развој на рак.

Причина за гастритис и чир на желудникот

Откриена е релативно неодамна – во осумдесеттите години на минатиот век, па нејзиното препознавање довело до големи поместување во лекувањето на чировите за кои претходно се мислело дека се предизвикани од консумирање презачинета и кисела храна, стрес и од лоши животни навики.

Иако начинот на преносот на бактериите сè уште не е сосема истражен, јасно е дека инфекцијата се пренесува од заразена личност на здрава личност во контакт со столица, плунка или со желудочна содржина.

Ендоскопскиот преглед лесно открива дали имате проблеми со бактеријата Хеликобактер пилори, а посебно се препорачува на лицата кои страдаат од необјаснива анемија, нагло губење на килограмите, крв во столицата и силна болка во стомакот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top