Home / Болести и лечење / Газираните сокови причина за раниот пубертет?

Газираните сокови причина за раниот пубертет?

Факт е дека старосната граница на почетокот на пуберетот се намалува, а научниците дале појаснување за тоа.

Честата конзумација на газирани сокови може кај девојчињата да биде поврзана со поран почеток на пубертетот, укажува истражувањето спроведено на Харвард.

gaziran sokСледејќи околу 5.600 девојчиња на возраст од девет до 14 години, научниците пресметале дека меѓу испитаниците, кои пиеле повеќе од 1,5 дози газирани сокови дневно до првата менструација доаѓало просечно 2,7 месеци порано отколку кај нивните врсници, кои пиеле помалку газирани сокови неделно.

Воочената врска била независна од индексот на телесната маса на девојчето.

Инаку раниот почеток на пуберетот кај девојчињата е поврзан со поголемиот ризик од депресија во адолесенцијата и рак на дојката во повозрасните години, тврдат научниците.

Според нив добиените наоди е можно да се појаснат со последиците од конзумација на голема количина шеќер од газираните сокови, што доведува до зголемување на присустноста на инсулин и некои полови хормони поврзани со поран почеток на пуберетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top