Free songs
Home / сведоштва / Исповед на мајка од Србија: Ќерка ми го победи туморот благодарение на канабисот

Исповед на мајка од Србија: Ќерка ми го победи туморот благодарение на канабисот

Верувале или не, петгодишната Миа која имала бениген тумор на хипофизата се спасила од маслото од канабисот. Мајката Марија Рашиќ од Србија  ја раскажува својата трогателна приказна.

– Итно и беа направени две операции, после кои и 29 зрачења, но туморот продолжи да расте. Таа беше немоќна, а во текот на ноќта низ солзи молеше: Мамо помогни ми се ме боли.

cerka-i-majka

Сосема случајно претходната година ни беше препорачано да го користиме маслото од канабис. Тоа беше спас за нас. Благодарение на него, Миа застанала на нозе, како да не преживеала две тешки операции.

– Мама секоја вечер ми дава канабис, па потоа лек. Ако заборави, јас ја потсетувам. Веќе не сум болна и се чувствувам многу подобро, а туморот се повлече откако почнав да користам канабис- вели Миа. Марија е воодушевена од резултатите и планира масло на Миа да и дава додека туморот целосно не исчезне.

– Пресреќни сме. Канабисот ни го излечи детето. Првиот месец беше критично. Повреќаше, ја болеше главата, постојано и се спиеше, но тој период на навикнување го очекувавме, но за среќа подоцна тргна на добро.

Хормоните се средија, а имаше подобрување и за 30 отсто, престана да отекува, а туморот се намали за еден сантиметар. И тоа само за четири месеци – раскажува мајката.

Денешен.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top