Free songs
Home / сведоштва / ФОТО: На учителката Наташа и кажале дека ќе живее уште две недели-Еве како таа го победила ракот

ФОТО: На учителката Наташа и кажале дека ќе живее уште две недели-Еве како таа го победила ракот

Учителката Наташа Гриндли (37) на која и прогнозирале само две недели живот, тврди дека замената на масна храна со свежи сокови и помогнала да се избори со ракот.

natasa-grindliОваа мајка на две деца од Ливерпул дознала дека боледува од рак во јули 2014 година. Истиот момент започнала со хемотерапија во приватна клиника во Клатербриџ. Напоредно со оваа терапија, учителката одлучила да се обиде да пронајде и алтернативна терапија, а исто така се откажала од масна храна и храна богата со шеќери.

За неколку недели нејзиниот тумор се намалил, а таа смета дека за таа промена најмногу е залсужна промената на нејзините животни навики, пишува Дејли Мејл. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека нема докази дека здравата диета, вежбањето и алтернативната медицина можат сами да го излекуваат ракот и дека е потребна и хемотерапијата.

„Бев очајна кога докторите ми рекоа дека ми остануваат уште две недели живот. Сè се случи многу брзо, ми ставија камера и можев да видам дека ракот го зафатил мојот стомак, а потоа се проширил на лимфните јазли, вратот и целиот абдомен. Тоа беше многу мрачен период за мене, а мојот сопруг почна многу да чита во потрага по алтернативна терапија“, раскажала Наташа. Наташа која е омажена за ѕидарот Иан (33) со кој ја има ќерката Габриела (6) и синот Лијам (5), направила страница на Фејсбук која досега собрала повеќе од пет илјади лајкови.

На таа страница можат да се најдат и совети од Наташа и здрави рецепти за кои се надева дека еден ден ќе ги претвори во книга заедно со мотивациони совети и фотографии. Нејзината посветеност се гледа и во тоа што успеала да добие диплома за нутриционизам додека им се спротиставувала на прогнозите од лекарите 18 месеци откако ѝ ја соопштиле поразувачката дијагноза.

1natasa-grindli„Од моментот кога ја започнав диетата изгледав многу подобро отколку со години претходно, иако очигледно бев многу болна. Кога бев подложена на терапијата, луѓето ми зборуваа дека не изгледам болно, а јас тоа го припишав на диетата на која бев. Читањето за алтернативни методи на лекување и пронаоѓање на нови хранливи продукти станаа моја опсесија. А, кога почнав да го намалувам количеството на месо и алкохол, ситуацијата се подобри шест месеци подоцна. Ја користев храната за да го зајакнам мојот имунолошки систем, за да го подготвам крвниот систем за хемотерапија. Секој пат кога ќе ја променев исхраната, забележував позитивни промени и се чувствував многу подобро“, раскажала Наташа.

Можат ли диетата, вежбањето и алтернативните терапии да го излекуваат ракот?

Онкологот професор Карол Сикора вели дека не постои доказ дека здравата диета, вежбањето и алтернативните терапии можат да го излекуваат ракот. Меѓутоа, тој вели дека лекувањето е избор на пациентот и докторите мора тоа да го почитуваат.

„Пациентот е тој кој управува со ситуацијата. Неговото лекување зависи пред сè од него самиот. Нема докази дека само диета може да помогне без хемотерапија. Покрај хемотерапијата, здравата исхрана и вежбањето носат многу користи. Но, тоа не е лек, потребна е и конвенционалната медицина. Различни луѓе различно реагираат на ракот и тоа мора да се почитува. Јас ви препорачувам конвенционални методи на лекување, по секоја цена. Може пациентот да користи и алтернативни методи ако сака, но нека не ги менува за конвенционалните“, вели доктор Сикора.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top