Home / природен лек / Еве зошто камилицата е толку корисна

Еве зошто камилицата е толку корисна

Богатиот состав на камилицата со етерични масла, витамин Ц, ниацин, протеини и многу други активни состојки ја прават оваа тревка лидер помеѓу останатите.

kamilicaНајкарактеристична состојка од сите е етеричното масло азулен кое многу лесно испарува па поради тоа не се препорачува варење на камилицата, туку прелевање со врела вода со цел да се задржат лековитите својства.

Камилицата ја намалува напнатоста и нервозата. Истражувањата кои се правени покажаа дека седативното дејство на камилицата ја намалува анксиозноста и доколку неколку дена со ред пред спиење се пие по една топла шолја свежо подготвен чај од камилица, ќе се решат сите проблеми со несоницата.

Бидејќи камилицата може да се користи како чај, како прашок, како облоги, како етерично масло и како тинктура нејзината примена е многу широка.

Во случај на болки и грчеви во стомакот, разни воспаленија, грозница, кожни проблеми, болести на очите, за плакнење на гениталните органи, за рани и за изгореници секогаш помага свежо подготвениот чај од камилица, кој како што рековме не се вари, туку само се прелева со врела вода.

Камилицата го подобрува варењето на храната, го намалува воспалението на слузокожата на цревата и го забрзува метаболизмот.

kamilica-caj-1328585176-120009

Чај од камилица во кој ќе додадете неколку зрнца ким е одлично средство против грчевите кои се јавуваат кај новороденчињата.

За прекумерно паѓање на косата како и против првут се препорачува редовно плакнење со чај од камилица.

Бидејќи има антивоспалително дејство, камилицата го омекнува и го негува ткивото, поради што се употребува и во козметиката.


Камилица против опаѓање на коса
Се прелеваат 4 лажици свежи или суви цветови од камилица со литар зовриена вода и се оставаат да отстојат во поклопен сад 10 минути. Течноста се цеди и со неа се плакни косата неколку пати во текот на неделата.


Камилица против напнатост и нервоза
Две раце суви цветови од камилица се прелеваат со литар зовриена вода и се оставаат да отстојат 10 минути. Течноста се процедува и се додава во водата во која ќе се капите, односно правите купка. Купката направете ја половина час пред да одите на спиење.


Камилица против воспаление на слузокожата и грчеви во стомакот
Две лажици цветови од камилица се прелеваат со 2,5 дл. зовриена вода и се оставаат да отстојат во поклопен сад еден час. Чајот се процедува и се пие топол три пати на ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top