Home / Болести и лечење / Еве што да правите да не закачите габични инфекции во лето

Еве што да правите да не закачите габични инфекции во лето

БЕЗ ЈАКИ САПУНИ

Исчистете го плакарот од облеката од синтетика. Таа не ~ дозволува на кожата да дише, што пак го поттикнува потењето и со тоа се создава идеална ситуација за развој на габичките. Сличен ефект имаат и алиштата направени од густо ткаен памук со додаток од модерните влакна, чија функција е облеката цврсто да го обликува телото.

atletsko-stopalo33-200x300Избегнувајте да носите синтетички хулахопки. Тие дополнително се погодни за развој на габите и тоа почнувајќи од стапалата (особено кај третиот, четвртиот и петтиот ножен прст), па нагоре, каде што ги влошуваат вагиналните инфекции. Ако никако не можете да се откажете од носењето најлонски хулахопки, тогаш барем водете сметка да ги исперете редовно по секое носење.

Златен совет е дека треба да се отфрли сета облека од синтетика, особено таа што е тесно прилепена до телото, и тоа без разлика колку добро ви стои.

Не спијте во алиштата што сте ги носеле цел ден, туку задолжително преоблечете се во ноќница или во пижами.

По пливање, капење или туширање водете сметка дека треба кожата внимателно да ја избришете. Интимните делови е подобро да се исушат со хартиени крпи. Во секој случај треба да се внимава крпите од текстил редовно да се менуваат.

Кога го бришете интимното подрачје правете го тоа во насоката од напред кон назад, бидејќи габичките се дел од дигестивниот систем, па поради близината на аналниот отвор се зголемува можноста од инфекција.

ПЕРЕТЕ НА ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА

Избегнувајте ја употребата на јаки сапуни за миење на интимните делови. Со нив нема да ги уништите габичките, туку само “добрите” бактерии, чија функција е да ги одржуваат габичките во прифатлива рамнотежа.

Исто така избегнувајте ги парфемираните средства за капење, па и интимните деодоранси, будејќи може да предизвикаат иритација или да доведат и до алергиска реакција, која може да поттикне развој на инфекцијата.

Во текот на менструацијата менувајте ги тампоните или влошките на секои три до четири часа и особено обрнете внимание на одржувањето на интимната хигиена.

Ако веќе имате габично заболување, особено внимание обратете на перењето на алиштата, бидејќи вообичаеното перење не ги уништува габичките. За тоа е потребна многу висока температура, што се постигнува со вриење на алиштата и со пеглање. Алиштата треба да се менуваат секој ден.

Ако сте сексуално активни, инфекцијата може да му ја пренесете на својот партнер, кој ако не се лечи со вас, потоа може повторно да ви ја пренесе. Затоа и се препорачува воздржување од интимни односи за време на активната инфекција.

Ако често ви се повторуваат инфекциите, а користите и таблети за контрацепција, поразговарајте со својот гинеколог за евентуална промена на типот на контрацепција.

НЕ И ЗА АЛКОХОЛОТ

Пијте редовно јогурт, кој во себе ја содржи културата L. Acidophilus, која може да ја превенира габичната инфекција. Треба да внимавате јогуртот да не биде пастеризиран.

Избегнувајте храна што содржи шеќер, бидејќи габичките живеат од шеќерот. Ако се откажете и од алкохолот (кој всушност е ферментиран шеќер) и од слатките, на најдобар пат сте да ја спречите појавата на габичните инфекции. Резултатите од студија спроведена во САД покажале дека 90 отсто од жените што го намалиле консумирањето шеќер автоматски ја намалиле и појавата на габичните болести.

Не користете антибиотици кога имате настинка или вурисна инфекција, односно кога тоа не е потребно. Нема да ве излечат, а може да донесат проблеми во варењето бидејќи ќе ја нарушат антимикробната цревна флора.

Посветете се на зајакнувањето на имунитетот со помош на правилна исхрана, со земање мултивитамини и минерали (особено тие што содржат железо и цинк) и со редовно вежбање. Престанете да пушите.

Бидете повнимателни кога сте во фаза на предменструален синдром (PMS), ако сте под стрес или сте бремена. Тогаш сте особено приемливи за развој на габичните инфекции. Ако сте бремени, задолжително разговарајте со својот гинеколог за тоа како да се заштитите од овие инфекции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top