Home / Болести и лечење / Еве како да откриете дали сте алергични на глутен

Еве како да откриете дали сте алергични на глутен

Зачестени грчеви во стомакот, но и симптоми како слабост, губење на килограми и алергија, укажуваат на интолеранција на глутен, пченичен протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта, но и во сите производи кои се прават од нив или ги содржат во мали трагови.

Celiac-Disease-Symptoms-Gluten-IntoleranceСимптомите на целијакија или неподнесување на глутен можат долго да “тлеат“ без да предзвикаат некои сериозни проблеми, а експертите се сложуваат дека болеста е наследна, но исто така може и да се создаде или појави кај деца доколку тие се учат да јадат житарици како пченицата пред дозволеното време. Ова е навистина важно да се знае, и затоа педијатрите и нутриционистите постојано апелираат до младите родители да се придржуваат до календарот за исхрана на бебиња и мали деца. 90 проценти од луѓе кои се нетолерантни на глутен долго време не знаат зошто имаат мака со јадењето и лошо варење –

Најтешка акутна и животнозагрозувачка компликација кај нелекувани пациенти е целијачната криза, кога нагло се влошува состојбата, детето повраќа, има и пролив, зголемување на стомакот, дехидратација, колапс и шокова состојба.

gluten freeСе јавува и ацидоза, а може да се забави дури и растот на детето, кое може и доцна да влезе во пубертет. Се јавува и оштетување на црниот дроб, невролошки промени, интолеранција на лактоза, мускулна слабост и други компликации – нагласува д-р Бојаџиева.

Повеќето преработки, конзервирана храна, витамини или лекови, но и детските кашички содржат глутен, освен ако на амбалажата не е стриктно наведено дека се без глутен. Ова се повеќе се истакнува на етикетите на производите, бидејќи бројот на луѓето кои имаат здравствени проблеми предизвикани од глутен е се поголем.

ова се знаци дека сте нетолерантни на гутен.

1. Стомачните и дигестивни проблеми проследени со грчеви се првиот показател на нетолеранцијата на глутен.

2. Исто како и постојана главоболка и мигрена.

3. Дијагнозата на автоимуна болест, на пример ревматоиден артритис, лупус, мултиплекс склероза…

4. Претераната емотивност која вклучува ирационални промени на расположението.

5. Невролошките пореметувања – вртоглавици, проблеми со рамнотежата, слабост.

6. Заморот, посебно по оброк кој содржи глутен.

Кои намирници не содржат глутен и што смеете да јадете а што не прочитајте на овој ЛИНК 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top