Home / Болести и лечење / За оние на кои лебот им е “забрането овошје” – Алергија на глутен – што не смее да се јаде?

За оние на кои лебот им е “забрането овошје” – Алергија на глутен – што не смее да се јаде?

Зачестени грчеви во стомакот, но и симптоми како слабост, губење на килограми и алергија, укажуваат на интолеранција на глутен, пченичен протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта, но и во сите производи кои се прават од нив или ги содржат во мали трагови.

Celiac-Disease-Symptoms-Gluten-IntoleranceПовеќето преработки, конзервирана храна, витамини или лекови, но и детските кашички содржат глутен, освен ако на амбалажата не е стриктно наведено дека се без глутен. Ова се повеќе се истакнува на етикетите на производите, бидејќи бројот на луѓето кои имаат здравствени проблеми предизвикани од глутен е се поголем.

Симптомите на целијакија или неподнесување на глутен можат долго да “тлеат“ без да предзвикаат некои сериозни проблеми, а експертите се сложуваат дека болеста е наследна, но исто така може и да се создаде или појави кај деца доколку тие се учат да јадат житарици како пченицата пред дозволеното време. Ова е навистина важно да се знае, и затоа педијатрите и нутриционистите постојано апелираат до младите родители да се придржуваат до календарот за исхрана на бебиња и мали деца.

Луѓето кои страдаат од целијакија имаат, нормално, најмногу и најизразени проблеми, па единственото нешто што можат да го направат за да водат нормален и здрав живот е потполното лишување од глутенот и сите производи кои го содржат.

Оваа задача и не е премногу тешка, иако на прв поглед може да делува така. Најтешко е, барем во почетокот, запознавањето со безглутенски намирници, и одредување на производите без глутен на полиците во маркетите. Пченицата во принцип се додава во скоро секоја храна, за да и ја зголеми содржајноста. Заради тоа, глутенот може да се најде во готовата храна, во конзервите, кексите и сл.

Кои намирници не содржат глутен?

Во принцип, лицата кои страдаат од целијакија, а и сите оние кои не го поднесуваат глутенот, не мора да се грижат претерано бидејќи повеќето намирници во исхраната се дозволени. Секако, станува збор за сите овошја и зеленчуци, било кое јаткасто овошје, јајца, риба и свежо месо.

leb gluten

Постојат и повеќе видови на житарици кои можат да се конзумираат во било кој облик, како леб, кашички, брашно за колачи, за похување и слично. Такви се хељда, амарант, пченка, соја, ориз, просо и тапиока. Од сите наведени житарици може да се пронајде и купи и брашно, па можат да се искористат за месење на леб, колачи и други работи.

Но, кога сме веќе кај житариците и производите од нив, мора да ве предупредиме дека купечкиот леб ретко не содржи пченица. Дури и пченкарните или ржаните лебови имаат одредено количество на пченично брашно, па затоа внимателно читајте ја декларацијата на лебот, или купувајте го само од проверени места. Секако, ако веќе се соочувате со ваков проблем, можеби е подобро да размислите за набавка на машина  за правење леб. Постапката е повеќе од едноставна, а така секогаш ќе бидете сигурни што точно јадете.

gluten freeКако што веќе рековме, глутенот се наоѓа во пченицата, јачменот, ржта. Ако сте љубител на пиво, секако ќе треба да се откажете од него, а исто така и од гризот, булгур, грахам брашно, различни сосови (готови), помфрит, готови похувани рибји филети и слични, сите преработени морски плодови, слатки. Исто така, внимавајте на кармини за уста кои содржат глутен, пластелин, но и на разни додатоци за храна.

Млекото и млечните производи треба да се конзумираат внимателно – секогаш проверете го составот на декларацијата. Немојте да заборавите и на детали како на пример јадење со истиот прибор кој сте го користеле за производи со глутен, како и подготовка на храната на иста површина или во исти садови. На лицата кои страдаат од целијакија ваквите пропусти можат да им донесат многу штета која потоа тешко се исправува.

Извор: МиГусто

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top