Free songs
Home / Болести и лечење / Ефикасни мерки за заштита на децата од бактерии

Ефикасни мерки за заштита на децата од бактерии

За да ги заштитите децата од бактерии доволно е да следите неколку основни чекори.

Не ви е потребен никаков посебен борач против бактерии за да го заштитите своето семејство од разните болести кои тие ги причинуваат, доволно е само ги следите овие основни чекори:

deca higiena1. Научете ги своите деца да ги мијат рацете кога е најпотребно: по одењето во тоалет, фаќањето животни или по играње во дворот, како и пред секое јадење.

2. Мијте ги рацете на правилен начин, со сапун и вода, доволно е 20 –тина секунди триење за да се уништат бактериите кои треба да се отстранат.

3. Носете со себе шише со средство за чистење на рацете или влажни марамчиња кога ги носите децата на јавни игралишта и паркови, трговските центри и останатите места каде можеби нема места за миење на рацете. Добро истријте ги рацете, ако е можно и под ноктите.

4. По приготвувањето на месо или живина мијте ги даските за сечење со топла вода и средство за миење на садови, а по можност исчистете ги работните површини со средство за дезинфекција. Бактериите обично се наоѓаат на сировото месо, вклучувајќи ги опасните салмонела и ешерихија коли, а поопасни се од кои било други бактерии што ги имате дома.

5. Малите повреди и гребнатинки измијте ги со вода и сапун, а потоа ставете некоја антибактериска маст, заштитете го повреденото место со завој или фластер кој треба да го менувате секој ден додека раната не заздрави.

6. Проверете дили децата се вакцинирани на време, а размислете и за вакцинирање против грип секоја година. Детето на училишна возраст кое е вакцинирано против грип потешко дома ќе донесе некоја бактерија со која може да го зарази целото семејство.

7. Ако имате болен во семејството, задолжително избришете ги, по можност со некое антибактериско средство, кваките, далечинските управувачи, играчките и останатите предмети кое вашето дете ги фаќа во текот на денот.
Понесете со себе шишенце средство за чистење на раце или влажни марамчиња кога ги носите децата во јавни игралишта и паркови, шопинг центри и други места каде може да ја немате можноста да ги измиете рацете. Добро истријте ги рацете, ако е можно и под ноктите.

Majka i dete.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top