Ова е познат народен лек за третирање на астмата, како белодробната, така и срцевата. Лекот го подготвувале во разни варијанти нашите баби, а според искуствата на многумина, тие знаеле што прават.
Потребни состојки:
- ½ кг црвен кромид
- ½ кг шеќер
- 2 лимона
- 1,5 литри вода
- 7 големи лажици домашен мед
Начин на подготовка:
Шеќерот се загрева во метален сад на умерена температура со константно мешање, сè додека не порумени. Потоа се додава ситно исечканиот кромид, кратко се пропржува и се додаваме водата. Сè заедно се вари на умерена температура, додека не испари 1/3 од водата. Потоа се остава да се олади, се додаваат двата исцедени лимони и медот и сè добро се меша за комплетно да се изедначи. Се остава да отстои, а потоа течноста се процедува (од парчињата кромид) и се складира во стаклено шише.
Начин на употреба:
Се конзумира по една голема лажица од напитокот пред секој оброк додека не се потроши целата количина. По потреба може да направите нова мешавина и да ја повторувате постапката додека белите дробови сосема не закрепнат.
За деца се препорачува по една мала лажичка пред секој оброк.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes

Imam alergiska astma I jako gusenje lekovi nemi pomagat pijam lordes I rinoko sprej .imam I slajmovi pa nekoi lek za ova dami kaZete