Уште еден лековит марифет кој проверено делува против кашлица и бронхитис е кремата од банана. Особено делотворна е кај децата, но помага и за возрасни. Вкусна е, здрава и многу хранлива. Згора на тоа, благотворно делува и на желудникот.
Состојки:
– 2 средно големи, зрели банани (најдобри се оние со кафени дамки)
– 2 лажици шеќер или мед
– 400 милилитри вода што врие
Подготовката е многу едноставна:
Излупете ги бананите и добро изгмечете ги со вилушка. Додајте шеќер и добро промешајте. Прелијте ја смесата со водата што врие, поклопете го садот и оставете ја да отстои 30-тина минути. Ако користите мед, додајте го на крај, откако смесата ќе се олади (медот ги губи својствата на високи температури). Можете, но и не морате да ја процедите смесата низ пластична цедилка. Лекот е готов и спремен за употреба.
365.com.mk