Free songs
Home / бабини рецепти / Домашен лек против кашлица од шеќер и пиво

Домашен лек против кашлица од шеќер и пиво

Овој рецепт е идеален за периодот кога владеат настинките и вирусите, а посебно е корисен ако патите од сува кашлица. Брзо делува, ефикасен е и погоден за сите возрасти, па дури и за деца.

lekПотребни состојки:

150g шеќер

½ литар пиво

Подготовка:

Во длабок сад ставете го шеќерот да се стопи додека не добие карамела боја. Тргнете од оган и ставете го пивото.

Очекувајте да почне да пени, па затоа внимавајте да не искапе. Вратете на оган и постојано мешајте додека не добиете еднолична течност.

Густината треба да биде нешто поретка од мед, а за тоа се потребни околу 15 до 20 минути.

Тогаш тргнете од оган и претурете во мал сад. Кога ќе се олади ќе добие густина на мед.

Консумирање:

Возрасните може да зимаат по 1 лажица неколку пати на ден, а малите дечиња по 1 кафена лажичка.

Секогаш можете да ја зголемите количината, пропорционално, но најдобро е лекот да биде тазе подготвен.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top