Free songs
Home / Болести и лечење / Дизентерија е екстремно заразна – еве како се пренесува и кои се симптомите

Дизентерија е екстремно заразна – еве како се пренесува и кои се симптомите

Дизентерија е заразна болест на слузницата на дебелото црево проследена со пролив. Дизентеријата е тешко заразно заболување на црниот дроб предизвикано од дезинтериски бактерии или дезинтериска амеба.Тие се внесуваат со нечиста храна или вода, се вгнездуваат во слузокожата и предизвикуваат грчеви, болки и слузовокрвави проливи кој го истоштуваат болниот. Се лекува со лекарска интервенција.

Додека трае лекувањето на бактеријата пациентот мора да биде во строга изолација, независно дали се лекува во болница или дома. Се што доаѓа во контакт со болниот мора да се дезинфицира, а кога пациентот ќе оздрави треба да се дезинфицира целиот простор во кој бил тој изолиран.

Тоа е акутна инфекција на цревата пратена со дијареа и крвава и слузава столица, температура, болки во стомакот и болни грчеви на аналниот отвор со силна потреба за празнење.

Причинители на бактериска дизентерија се микроорганизми, кои му припаѓаат на родот Shigella. Меѓу нив се и бактериите. Shigella dysenteriae, Shigella flexneri i Shigella sonnei.

Бактериите на дизентерија човекот ги внесува орално, а тие потоа во слузницата на дебелото црево се размножуваат и се шират по пат на столицата, од човек до човек. Во повеќето случаи се пренесуваат преку загадена храна или контаминирани раце.

Симптомите зависат од видот на бактеријата која е причина за дизентерија. Најтешките видови ги предизвикува Shigella disenteriae. Периодот на инкубација трае 1-3 дена: слабост, губиток на апетит, повраќање, мачнина, пролив, покачена телесна температура и јаки болки во стомакот се некои од симптомите. Столиците се крвави и слузави, но и изразено чести ( до 50 столици во тек на 24 часа ). Дијагнозата се донесува врз база на преглед на столицата.

Прва цел на терапијата е рехидрација на пациентот. Кај повеќето пациенти може да биде нарушена рамнотежата на вода и сол со чести столици. На пациентот може интравенски да му се дава воден солен раствор.

Ниеден производ кој го запира проливот со инхибиција на цревната подвижност не смее да се употребува. Неопходна е терапија со антибиотици, која трае околу 5 дена и се прекинува после неколку дена по престанок на проливот. Пациентот треба да се храни со ориз и овошни сокови и да пие многу течности.

Кога ќе помине акутниот период во исхраната може да се додадат јаболки, варена риба и малку тестенини.

Извор – Мое Здравје

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss