Фармацевтите и некои од пулмолозите велат не е с` така црно со нашите бели дробови во услови на загаден воздух – некои од штетните честички може да бидат елиминирани од организмот преку црниот дроб, бубрезите. Важно е да се пијат доволно вода и чаеви – особено од лист од подбел, може и мајчина душица, риген, жалфија…
Внесувањето многу течности помага за детоксикација
Фармацевтите со став дека, ако дојде до внесување отрови во дишните патишта, без разлика дали се органски или неоргански, организмот се обидува да ги исфрли и да се детоксицира преку метаболистичките процеси.
за дишните патишта, важно е, посебно скопјани, да пијат чаеви од лист од подбел, може и од мајчина душица, риген, цвет од бозел и од невен, лист од тегавец, како и босилек. Kога треба да се искашла слузта, може да се пие и чај од јаглика, лист од лопен, кој го подобрува искашлувањето, а може и липа и жалфија, кои го намалуваат воспалението и го олеснуваат дишењето
Честичките од загадениот воздух влегуваат во крвта на човекот и влијаат многу лошо, без оглед дали органски или неоргански, а детоксикација не доаѓа предвид. Ефектите се различни – оние честички што настануваат од согорување и се од органско потекло ги поврзуваат со канцерогени својства – 20-30 отсто од честичката е канцероген, а останатиот дел механички ги оштетува белите дробови. Тие се таложат и делумно ги затнуваат дишните патишта, со што создаваат основа за развој на белодробните заболувања. ситните честички поминуваат во крвта и го забавуваат протокот, па може да доведат до коагулација и до тромботични промени, кои се најопасни за срцето и за мозокот.
Дури и срцевите инфаркти и мозочните удари ги поврзуваат со изложеноста на овие честички, чија опасност за здравјето е опишана во многу научни студии во светот, направени во лабораториски услови. А за тоа дека има поврзаност помеѓу честичките и случаите на срцев инфаркт и на мозочен удар, беше презентирано и на состанок на Светската здравствена организација, што годинава се одржа во Бон, Германија