Изрендајте половина јаболко и половина кромид, па додајте лажица мед.
Ова е популарно средство против настинка во Бразил. Кромидот со јаболкото и со медот го јакне имунитетот.
*За имунитет
Земете 4 чаши кефир и 150 грама варена и пасирана тиква. Сето тоа добро измешајте го, па додајте лажичка природен мед. Ќе добиете одличен напиток, кој извонредно дејствува на органите за варење и го јакне имунитетот на целиот организам.