Ова е нова надеж за болните од карцином кои ќе се појават во иднина. Лабораториски е создадена супербактерија која на болните од карцином ќе им помогне нивниот организам подобро да реагира на терапија.
Англиските научници создале генетски модифицирана бактерија која ги лови и онеспособува канцерските клетки. Тоа е всушност слична бактерија како клостридиум дифициле која излачува неуротоксин – главната состојка на ботоксот, бактерија која предизвикува ботулизам и смртоносни епидемии.
Благодарение на медицинските достигнувања и промени во генетиката, злогласната бактерија клостридиум сега станува корисна за заболените од карциноми.
Оваа бактерија низ човечкиот организам буквално ги брка туморите, а кога ќе ги стигне испушта во нив некој вид на ензими кои ќелиите на карциномот ги прави подложни на дејството на лековите.
Истражувањата на оваа супер бактерија сѐ уште се во раната фаза, а научниците проценуваат дека финалните тестирања на луѓето ќе може да се вршат за околу пет години.
Портал.ком.мк