Free songs
Home / Болести и лечење / Бојата на урината укажува на проблеми – еве како да препознаете

Бојата на урината укажува на проблеми – еве како да препознаете

Бојата на урината зависи од процесите кои се случуваат во нашето тело и не ретко се првиот аларм дека нешто не е во ред со нашето здравје. Еве како самите да можете барем да претпоставите за каков здраствен проблем станува збор пред да се обратите до вашиот лекар.

lekar-urina-300x199Без боја, речиси прозирна

Пиете многу течности, повеќе од колку што би требало. Би било добро да намалите.

Боја на светла слама –

Ова укажува на здрава личност. Добро хидратирано тело и хормонално балансирано.

Прозирно жолта –

И оваа боја на урината спаѓа во палетата на нормална урнина – се е во ред со вашето здравје.

Urine-chart-300x297

Темно жолта –

Нормално, не треба да паничите. Сепак, пијте повеќе вода и течности за да не ја преминете границата.

Боја како мед –

Вие сте пред дехидрација и на вашето тело итно му е потребна вода. Веднаш испијте чаша до две.

Боја на потемен килибар –

Можно е да укажува на проблеми со црниот дроб или се работи за сериозна дехидрација. Пијте по 2 литри вода дневно, а ако бојата не се подобри, одете на лекар.

urina

Розова до црвенкаста

– Не паничете доколку сте конзумирале цвекло или боровинки. Розевата урина укажува на крв која и не мора да значи дека е опасна, доколку сте имале скоро сексуални односи или пак сте пред мензис. Сепак крвта во урината знае да укаже и на проблем со бубрезите. Одете на лекар за секој случај.

Портокалова

– можеби не пиете доволно вода или имате проблем со црниот дроб или жолчката.

Зелена или сина нијанса во урината–

постои ретка генетска болест која ја прави урината зелена или сина. Исто така некои бактерии можат да бидат причина за ваква обоеност. Може и консумацијата на некој лек да го предизвика тоа. Како и да е, ако бојата се задржи подолго, посетете лекар.

Пенаста урина –

Ако се јавува повремено, се работи за безопасна појава, но може да значи дека јадете премногу протеини или имате проблеми со бубрезите. Посетете лекар ако ова трае континуирано и подолго време.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top