Стресот може да биде заразен и тоа не само кога сме покрај личност која се наоѓа под стрес, туку и кога гледаме видео снимки, покажуваат студиите на Инситутот за конгитивна наука „Макс Планк“ и Техничкиот Универзитето во Дрезден.
Студијата покажала дека доколку се наоѓаме покрај личност која е под стрес и сами може да се најдеме под стрес и тоа на начин на кој може да се квантификува. „Фактот дека можеме да го измериме овој емпатиски стрес во форма на отпуштање на хормони е запрепастувачки“, вели Вероника Енгерт, еден од авторите на студијата.
Очекувано, 95% од лицата кои биле изложени на стрес покажале знаци на стрес, а 26% од набљудувачите добиле зголемено ниво на кортизол како резултат на емпатискиот стрес. Влијанието на стресот било по приметливо кога се работело за набљудување на сакана личност.