Home / бабини рецепти / Бабини лекови што би ви ги препорачале и лекарите

Бабини лекови што би ви ги препорачале и лекарите

Солениот раствор го смирува воспаленото ткиво на грлото, ја разредува слузта и брзо ги чисти алергените и бактериите, а листовите од свежа зелка се најдобра облога за лекување воспалени вени, болни места и отоци

Понекогаш најдобриот лек ни е пред носот, во кујната или во плакарчето. Природен е и поделотворен против болести или тегоби отколку скапите фармацевтски производи. Неколку народни лекови ќе ве поштедат од непотребни трошоци.

lek3* ПРИ СЛАБОСТ – СОЛЕНА ВОДА
Солениот раствор го смирува воспаленото ткиво на грлото, ги разредува слузта и алергените и бактериите брзо се чистат. Едно истражување покажало дека правењето гаргара со солена вода три пати на ден ја намалува респираторната инфекција и до 40 отсто. Измешајте половина лажичка морска сол и 2,5 дл вода, па правете гаргара барем три пати на ден.

* ГРЧЕВИ ВО СТОМАKОТ – KАМИЛИЦА ИЛИ АНАСОН
Научниците откриле дека камилицата содржи глицин, хемиско соединение што ги намалува контракциите на долниот дел од цревата, вели д-р Џесика Шепард од Универзитетот “Илиноис” во Чикаго. Против грчеви во стомакот исклучително добар е анасонот. Ако имате вакви грчеви, пијте чај од камилица или од анасон барем еднаш на ден.

* ЛОШ ЗДИВ – ОБИДЕТЕ СЕ СО МАГДОНОС
Магдоносот е особено богат со хлорофил, кој успешно ги уништува бактериите што предизвикуваат лош здив. Kога ви е потребно, земете листови и џвакајте ги барем една минута.

* ОТЕЧЕНОСТ И ВОСПАЛЕНИЕ – ОБЛОГИ ОД ЗЕЛKА
Листовите од свежа зелка често се споменуваат како најдобри облоги за лекување воспалени вени, разни други воспаленија, болни места и отеченост, па тоа го препорачуваат и лекарите. Заболеното место покријте го со еден или повеќе листови и прицврстете ги со завој. Ваква облога може да држите и преку ноќ.

* ПРОБЛЕМАТИЧНО ВАРЕЊЕ – ЛИСТОВИ ОД ЛАВОР
Најчесто го ставаат во јадења затоа што така пишува во рецептот. Но, никој не се жали бидејќи освен аромата, тој го подобрува варењето и помага во исфрлање на насобраните гасови во цревата. Понекогаш се користи и како средство за искашлување и против ревматизам.

* МЕД И МЕK ПАРАФИН ЗА ИСПУKАНИ УСНИ
Медот има антибактериски својства и го подобрува зараснувањето, вели д-р Адам Фридман, дерматолог и професор на медицинскиот центар “Монтефјоре” и на колеџот “Алберт Ајнштајн”. Kога медот се комбинира со мекиот парафин, усните брзо оздравуваат. Намачкајте ги усните со млака вода, потоа нанесете тенок слој мед и оставете го неколку секунди да се исуши. Потоа нанесете слој на мек парафин и оставете го така 10 до 15 минути без допирање. Тргнете ги овие слоеви со памук, кој претходно сте го натопиле во топла вода. Повторувајте го ова секој ден, во тек на неколку недели.

Izvor – Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top