Полномасниот јогурт има способност да ги намалува кожните воспаленија.
Горењето може да биде смирено со крпа натопена со млеко, која се остава врз заболеното место во текот на 20 минути.
Една лажица сода бикарбона се раствора во вода. Се става како облоги на заболеното место.
Се откинува еден лист од растението алое вера на половина. На кожата ја нанесувате течноста која истекува од преполовениот лист.
Медот е одличен природен лек за разни оштетувања на кожата. При горење намачкајте го изгорениот дел со тенок слој мед и воспалението наскоро си заминува.