Рускиот претседател Владимир Путин изгледа помлад од своите години благодарение на редовното пливање, на „бабините лекарства“ и на добрата контрола на стресот, објавува “Франс Прес”, повикувајќи се на интервјуто на личниот лекар на првиот човек на Русија за магазинот “Итоги”.
„Од медицинска гледна точка, неговата здравствена состојба соодветствува на помалку од 60 години“, рекол Сергеј Миронов, директор на Медицинскиот центар на руската претседателска администрација.
Според него, тоа донекаде се должи на фактот дека претседателот на Русија „се однесува со недовреба кон лекарствата, дури и кон оние кои се најмногу користени“. Путин многу претпочитал т.н. бабини лекарства – чај со мед, руска бања и масажа, а освен тоа научил и многу да го контролира стресот.
Според Сергеј Миронов, едно од најкористените средства од страна на претседателот за справување со стресот е пливањето.
Кон крајот на минатата година, почнаа да се шират гласини дека здравствената состојба на Владимир Путин се влошува поради болки од стара повреда на рбетниот столб. Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, тогаш потврди дека Путин страда од лесна повреда на грбот, добиена при спортување, но дека тоа на никаков начин не се одразува на неговите работни обврски.