Овој напиток го ослободува телото од вишокот на сол, позитивно влијае на целокупното здравје на организмот. За овој здрав народен лек потребни се само две состојки – лук и црно вино.
Подготовка:
12 чешниња лук исечете ги на четвртинки. Ставете ги во тегла и прелијте ги со половина литар црно вино. Затворете ја теглата и држете ја на светло место околу две недели.
По еднаш – два пати на ден протресувајте ја теглата.
По 15 тина дена, процедете ја содржината на теглата и течноста пресипете ја во стаклен сад. Земајте од овој напиток по една мала лажичка три пати дневно околу еден месец и ќе ги имате посакуваните ефекти.