Што е најдобро да ставите на местото од каснување од комарец или некој друг инсект? Секако, за да се ублажи непријатното чувство, ладниот облог со оцет е решение за кое знаеле уште нашите баби и тоа не треба да се заборави.
Tака помалку ќе нанесете некои штетни супстанци.
Дефинитивно, најделотворни се геловите и кремовите со кортикостероиди, aма не е препорачливо тие да се мачкаат без договор со лекар.
Во аптеките можат да се набават разни такви препарати, помалку или повеќе делотворни, aма ако не се неопходни, или ако непријатноста од убодот е поднослива, не е потребно да се мачкате.
Во случај на инфекција која може да се јави по некој ден, особено ако сме го разраниле убодот, потребно е да се стави антибиотска маст.