Free songs
Home / нови лекови / Австрија: Лекари ќе им вградуваат чипови на пациентите?

Австрија: Лекари ќе им вградуваат чипови на пациентите?

Поранешниот директор на виенската болница „Хартман“, Маркус Франц и генерален секретар на партијата Тим Штронах, вели дека по чипување на миленичињата, сега на ред се луѓето.

Тој смета дека сите граѓани на Австрија би требало да добијат елекстронски здравствени картони, односно да вградат чип во себе кој ќе ги содржи сите неопходни медицински податоци.

CIP-VO-RAKA-300x206Франц исто така верува дека со употреба на чипови значително ќе се намалат и административните процедури во државата.

-Чипот не може да се изгуби или заборави, како што е случај со здравствената книшка. Нема да има злоупотреба и луѓето на кое било место ќе може да добијат медицинска помош- напиша Франц.

Според него на чипот би биле податоци кои пациентот сака да ги сочува, а би биле видливи само во тек на лекарски преглед или некоја друга медицинска интервенција.

Инаку ова не е прв случај за покренување на тема која се однесува на чипување на луѓето.

Ивана Грегориќ, научник од Хрватска пред извесен период изјави дека од оваа година и новороденчињата ќе се чипуваат.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top