Артичоката е многу хранливо растение,одличен извор на фолна киселина а ги содржи витамините К и Ц. Покрај тоа содржи и бакар,манган и магнезиум.
За артичоката се вели дека се користи за висок холестерол,бубрезите,проблеми со црниот дроб како и дебелото црево. За неа се вели дека помага кога имате изгореници од сонцето како и во лечење на мамурлакот од алкохолот.
Таа исто така го намалува апетитот и помага во проблемите со варење на храната а одлична е и за целосно решавање на проблемите со хронични воспаленија на црниот дроб, бубрезите како и за лекување на жолчното ќесе.
Артичоката исто така има можност да го намалува серумското ниво на шеќер во крвта и холестеролот,помага во лечење на артритис и реуматизам. Нејзината диаретска активност може да помогне во ублажување на проблемот на уринарниот тракт.
Артичоката исто така е голем сојузник на диетите, ги намалува килограмите и е одличен додаток кој дополнително помага во антицелулитните масажи за убава и сјајна кожа.
Дума.мк