Потребни Ви се
-мајчина душица,
-камилица и
-зовриена вода.
5 децилитри зовриена вода се посипува на една лажица мајчина душица и една лажица камилица. Оваа мешавина се вдишува на периоди од 5-10 минути.
Освен тоа, се препорачува повремено мачкање на ноздрвите со смеса од 100 грама пчелин восок и две лажици цвет од невен, на што се додаваат две лажици цвет од лаванда.
Оставете ја смесата цела ноќ, а утрото загрејте ја на млака температура. Кога смесата ќе се истопи, исцедете ја со газа и ставете ја во мали тегли кои ќе ги чувате на ладно и темно место.