Home / Болести и лечење / Ако ви се појави лош здив еве како да го спречите

Ако ви се појави лош здив еве како да го спречите

Најчестиот причинител на лош здив е заболувањето на забалото или непцата на вилицата. Гниењето на корењата на забита може да биде како резултат на загнојување на непцата и притоа гнојта која се појавува има лош мирис, притоа оставајќи одбивачка арома на здивот. Дури и малите дупчиња во забите можат да овозможат место каде бацилите можат да се множат и да ослободуваат непријатен мирис.

Рогата детелина: 
bruksizam zabi2Помеѓу неколкуте домашни лекови против лош здив, употребата на рогатата детелина се докажа како мошне ефикасна. Чај од семето на ова растение се пие редовно за подобрување и надминување на оваа состојба. Чајот се подготвува со ставање на една кафена лажичка семе во половина литар ладна вода и таквата смеса се остава да отстои петнаесет минути врз тивок оган. Птоа се процедува и се пие како чај.

Авокадо: 
Уште еден ефикасен лек за лош здив е авокадото кое е далеку посупериорно од било кој друг лосион за уста или лек за ова нарушување. Ефикасно ги отстранува цревните гниења или декомпозирањето кое е најчест причинител на лош здив.

Гуава: 

Недозреаната гуава е корисен лек за халитоза или лош здив. Таа е богата со танинова, јаболкова, оскална и фосфорна киселина како и калциум, оскалиум и магнезиум. Џвакањето е одличен тоник за забите и непцата. Тоа помага во лечењето на крварењето од непцата и го прекинува лошиот здив. Џвакањето на листови од гуава исто така го прекинува крварњето од непцата и лошиот здив.

magdanos55Магданос: 
Магданосот е корисен лек против лош здив. Две шолји со вода треба да зовријат и да се стават неколку грста магданос, исецкан и треба да биде мариниран во оваа вода заедно со две до три чешниња каранфилче или четвртина кафена лажичка исецкани чешниња. Оваа смеса треба повремено да се промешува додека се оладува. Треба да се процеди и да се користи како средство за испирање на устата неколку пати на ден.

Свежи сокови: 
Сите овошни и зеленчукови сокови се полезни за третмано против лош здив и треба да се применуваат во слободна форма од оние луѓе кои патат од ова нарушување. Соковите од зелен зеленчук се особено корисни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top