Цело време сте заморни? Постои лек, а првиот чекор е да испиете кафе. Вториот, малку изненадувачки, е веднаш откако ќе го испиете кафето да поспиете 20-тина минути, тврдат научниците. Според нив тоа е делотворен лек за повеќе енергија отколку само дремење или само кафе.
Таканареченато кафе-спиење се користело како пракса во некои земји како Шпанија, а се почесто се препорачува и во остатокот на светот поради чувството на хроничен замор. Идејата се темели на маскималното искористување на кофеинот, кој делува по 20 тина минути до пола час откако ќе го испиете кафето. Во тој период треба да најдете мирно место за опуштање и да дремнете и да го наместите алармот.
Студиите покажуваат дека по кафе-спиењето луѓето подобро функционираат, па така британските испитаници правеле помалку грешки во тестовите за возачка дозвола, додека во јапонското истражување испитаниците оствариле подобри резултати во тестовите за меморија.